Ибица „се распаѓа“ под налет на туристи- локалните жители ги блокираат патиштата - Канал 5

Ибица „се распаѓа“ под налет на туристи- локалните жители ги блокираат патиштата

Посебно искуство е да се гледаат изгрејсонцето и зајдисонцата над островот Ес Ведра во Балеарското Море во Шпанија. Овој ненаселен карпест остров е дел од природниот резерват Cala d'Hort, а стана популарен благодарение на социјалните мрежи.

Ибица „се распаѓа“ под налет на туристи- локалните жители ги блокираат патиштата

Најдоброто место за уживање во погледот на Ес Ведра? Песочната плажа Кала д'Хорт во општината Сант Хосеп де са Талаи на соседната Ибица, објави хрватски Пункуфер.

Локалните жители првично ги разбираа туристите кои сакаа да уживаат во спектакуларниот поглед, па дури и создадоа неформален паркинг за да не ги оставаат своите автомобили на патот и да го загрозат сообраќајот. Меѓутоа, кога сфатиле дека доаѓаат премногу туристи и се однесуваат несоодветно, решиле да им го блокираат пристапот.

Тие поставија камења на импровизиран паркинг и ги оградија пешачките патеки за да ги спречат туристите да минуваат, но и да го намалат количеството отпад што го оставаат зад себе.

На жителите им е доста од непрописно паркирање, импровизирани и гласни забави, дронови и гужви на секој чекор. Неконтролираниот прилив на туристи почна негативно да влијае на самиот екосистем - предизвикува ерозија на почвата, газење на вегетацијата и нарушување на дивиот свет. „Овертуризмот“ стана топ тема на Ибица. Минатата година, повеќе од 1.000 жители одржаа протест - тие се незадоволни што туризмот им го наруши начинот на живот и значително ги зголеми трошоците за живот на островот.

Ибица зафаќа површина од околу 572 квадратни километри во Средоземното Море, има население од околу 160.000 жители и секоја година ја посетуваат повеќе од три милиони туристи. Поради големиот број на клубови, тој се здоби со репутација на глобален центар на (нескротлива) забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер