Претставен е новиот Ауди А6, позната е и цената (ФОТО) - Канал 5

Претставен е новиот Ауди А6, позната е и цената (ФОТО)

По A6 Avant, Audi сега го претставува седанот A6.

Претставен е новиот Ауди А6, позната е и цената (ФОТО)

Новата генерација на деловни седани ја подигнува границата во сегментот на премиум возила со средна големина.

Новиот А6, како што се наведува во првото писмо од производителот, не само што носи препознатлива елеганција и софистициран дизајн, туку поставува и нови стандарди во аеродинамиката, удобноста и технологијата на возење.

Рекорден коефициент на отпор на воздухот

Со коефициент на отпор од само 0,23, ова е најаеродинамичното Audi со мотор со внатрешно согорување досега. Новата генерација комбинира моќни бензински и дизел мотори со MHEV плус благ хибриден систем, што резултира со подобри перформанси, помала потрошувачка и намалени емисии.

Тој се истакнува во комфорот при возење благодарение на адаптивната воздушна суспензија и опционалното управување на сите тркала, што овозможува висока стабилност при поголеми брзини и исклучителна агилност во градски услови. На пример, при помали брзини задните тркала се вртат во спротивна насока од предните тркала, што го олеснува маневрирањето.

Повеќе тишина во внатрешноста

Посебно внимание беше посветено на тишината во кабината, внатрешната звучна изолација е подобрена до 30% во однос на претходникот. Новите системи за заптивање, потивко потпирање и гуми со вградени „амортизери на бучава“ дополнително ја зголемуваат удобноста при возењето.

Новиот А6 носи и освежен дизајн со нагласена предна табла, тенки LED светла и елегантно обликуван заден дел. Сето ова е надополнето со аеродинамички елементи како преден спојлер, воздушни завеси и голем дифузер, кои заедно ги подобруваат возни карактеристики и визуелен впечаток.

Цена во Германија

Новиот седан А6 ќе се произведува во Некарсулм, а нарачките ќе започнат кон крајот на април. Првите испораки се очекуваат во текот на летото, додека основниот модел со бензински TFSI мотор од 150 kW ќе стартува од 55.500 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер