Претставен е најатрактивниот Опел,се нуди и во електрична верзија(ВИДЕО)

По неколкумесечни најави, Opel конечно го претстави новиот Mokka, модел кој најавува промена на дизајнот, но и бројни новини.

Opel го избра седиштето на компанијата за премиерата на новиот модел, а автомобилот е претставен лично од челниците на марката. Без сомнение, тие се многу горди на Мока, па не е изненадување што Мајкл Лохшелер застана пред автомобилот.

Новата Мока е тука и тоа не е само дизајнерски напредок. Внатре има нов дигитален кокпит наречен Pure Panel, а од самиот почеток доаѓа комбинација на електрични перформанси. Цената е позната и, на германскиот пазар симпатичниот Opel ќе се движи од 19.990 евра.

Дизајниран во Риселхајм, новиот кросовер на Opel има богата опрема и палета на мотори ,како 1,2 турбо бензинец со 100 КС.

И, одличен е во комбинацијата на мануелен менувач , не троши премногу и може добро да повлече.

Од другата страна на гамата на Mokkа, е електричната верзија со почетна цена од 32.990 евра, а субвенциите треба да бидат одземени од таа сума. Погонот е познат од другите електризирани модели на групацијата PSA. Дава 136 КС и 250 Nm, а со батерија од 50 kWh поминува 324 km.

За неколку недели се очекуваат тестови за коронавирусот во траење од 12 минути со 97% точност

Британската фармацевтска компанија „Бутс“ лансира нови тестови за коронавирус, чиишто резултати би се добиле за 12 минути. 

Брзите тестови преку земање брисеви првично ќе чинат 120 фунти, но се очекува цената да падне доколку побарувачката е голема. Овие тестови при испитувањата покажале точност од 97% и ќе бидат достапни на места избрани од страна на компанијата за неколку недели.

Услугата е наменета пред се за лица кои немаат симптоми на вирусот, но сакаат да бидат мирни пред да го видат семејството или пријателите.

Oвие тестови може да се користат и кај патници кои летаат во странство. „Бутс“ исто така нуди и 48-часовно тестирање на 10 локации во Лондон, Бирминген, Манчестер, Единбург и Глазгов, а планира истото да го прошири во над 50 филијали низ Велика Британија.

Извршниот директор на „Бутс“, Сeб Џејмс, изјави дека уредите LumiraDx брзо ги обработуваат тестовите така што клиентите ги добиваат резултатите истиот ден. Тој исто така изјави дека компанијата уште од почетокот ја поддржала владината програма за тестирање на Ковид-19, а нудењто на оваа услуга во аптеките е следниот чекор во напорите да се борат против пандемијата, така тие би овозможиле да се намали притисокот врз NHS (Националниот здравствен сервис).

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

Британски специјални сили за 9 минути нападнаа танкер со нафта со цел да фатат шверцувани патни

​Се појавија нови детали за драматичната рација на Британските специјални сили вчера на Островот Вајт. 

Седум лица беа приведени по инцидентот на „Нејв Андромеда“, чиј екипаж во неделата наутро објави сигнал за тревога по стравот од обидот за киднапирање од страна на шверцувани патници. Извештаите сугерираат дека Специјалната служба за бродови (СБС) ја презела контролата во рок од девет минути по влегувањето во храбар воздушен и поморски напад. Четири хеликоптери се обиделе да им помогнат на 22-цата членови на екипажот, при што 16 лица се качиле на бродот од воздух, велат извештаите. Една фрегата, за која се веруваше дека е „ХМС Ричмонд“, исто така беше во состојба на готовност. Рацијата беше овластена од министерот за одбрана Бен Валас и министерот за внатрешни работи Прити Пател во неделата вечерта по 10-часовниот тензичен метеж. За екипажот се вели дека е „безбеден и здрав“.

Во неделата, „Тајмс“ објави четири воени хеликоптери - за кои се претпоставува дека два од нив се „Мерлин Мк 4“, „Дива мачка“ и „Чинук“ – тие ги довеле 40-те лица на местото каде се смета дека бил киднапиран бродот „Нејв Андромеда“. Весникот цитираше извор од одбраната, кој рече дека околу 16 членови на Специјалната бродска служба се качиле на бродот со поддршка на воздушни снајперисти и го обезбедиле за девет минути. Новите слики исто така покажуваат дека танкерот со нафта безбедно пристигнува во Саутемптон во понеделникот наутро, неколку часа по редовното време на пристигнување во 10.30 часот. СБС е елитна поморска единица за борба против тероризмот на Кралската морнарица, а најголем дел од eкипажот се Кралски поморски командоси кои, како што се вели „се специјализирани за храбри ненадејни напади“.

притисни ентер