Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ - ода за создавањето уметничко дело - Канал 5

Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ - ода за создавањето уметничко дело

„Госпоѓиците од Авињон“ е претстава - ода за создавањето на уметничко дело која не бара да биде разбрана, туку почувствувана. Така екипата ја најави новата премиера на Македонскиот народен театар закажана за 21 февруари на малата сцена, по текст на Сашо Димоски и режија на Ненад Витанов. Со праизведбата МНТ ќе чествува 110 години од создавањето на сликата на Пикасо „Госпоѓиците од Авињон“ (1907) со која се поставени постулатите на кубизмот.

Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ - ода за создавањето уметничко дело

Авторот Димоски на прес-конференција денеска рече дека се обидел да го пронајде она што него го провицира да пишува - да се отиде чекор понатаму во осознавањето на себеси....Метафора на вечната потрага по суштината на уметноста и на гласот на текстот, рече, е зуењето на една мува која е и сврзното ткиво на седумте сцени во неговиот драмски текст.

Во текстот, како што рече, ја деконструирал познатата слика „Госпоѓиците од Авињон“ на која се претставени пет куртизани од Барселона, а во драмата тоа се петте жени-музи што го инспирирале Пикасо: Дора Мар (Софиа Насевска-Трифуновска); Олга Коклова (Искра Ветерова); Франсоаз Жило (Гордана Ендровска); Мари-Терез Валтер (Ана Стојановска) и Ева Гуел (Звездана Ангеловска).

- Овие пет биографии на пет исклучителни жени кои едновремено биле музи и уметност сама за себе, беа дел од мојот истражувачки процес додека работев на подготовката на текстот.... Оваа претстава не бара да биде разбрана, туку почувствувана, рече Димоски и очекува дека таа ќе значи пробив на нов пристап во театарот што ќе го замени фабуларно-наративниот.
Режисерот Ненад Витанов соопшти дека претставата е жанровски измешана, со исечоци од животот на Пабло Пикасо и неговите љубови кои се и негови музи.
- Иако по форма е камерна, претставата е естетизиран и тежок креативен процес, истакна Витанов.

Васил Зафирчев ќе го игра ликот на славниот шпански сликар. За текстот рече е почеток на постдрамски театар кај нас.
- Тој е реакција на модерната и постмодерната. За мене беше најпровокативно како приказната од текстот да се пренесе на минималистички, едноставен и сугестибилен начин. Оваа претстава најсетилно ќе комуницира со публиката без оглед на нивното предзнаење на постдрамските форми на театарот и на биографиите на Пикасо и на петте жени што имаат значајно место во неговиот живот, рече Зафирчев.

За актерките кои ги играат петте музи на Пикасо претставата е меланхолична и не е значајна само како приказна за уметноста, инспирацијата, љубовта.., туку и како нивни актерски предизвик - ново искуство во пристапот преку кој и публиката емотивно ќе се препознае во судбините на ликовите. Текстот, според нив, е исклучително тежок да се пренесе на сцената - збиен и продорен, со кратки реплики и без наративни делови.

Сценографијата за „Госпоѓиците од Авињон“ е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката Калиопи Букле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

-6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm)

42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер