Претседателски избори во Ирска - Канал 5

Претседателски избори во Ирска

Ирците од 7 часот утрово избираат кој ќе им биде претседател во следните седум години.

Претседателски избори во Ирска

Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право на глас, а резултатите треба да бидат познати во сабота вечер.

Во претседателската трка се две кандидатки, независната Кетрин Коноли која обезбеди поддршка од левичарските опозициски партии и Хедер Хамфрис, кандидатка на Фине Гејл која беше министерка во последната коалиција.

Тие се натпреваруваат за местото наследник на Мајкл Д. Хигинс, кој беше претседател од 2011 година. Коноли (68), јасна фаворитка во низа анкети спроведени за време на кампањата, рече дека е претставничка на „движењето“ и „глас за мир“ и „единство“.

Коноли претходно била психолог и адвокат, а доби поддршка од Шин Фејн, социјалдемократите, лабуристите и други левоориентирани партии. Таа гласно зборува за палестинското прашање и заштитата на ирската воена неутралност и го критикува отстапувањето на аеродромот Шенон на користење на американската војска.

Хамфрис (64), пак, се претстави како „центристка, проевропска, здраворазумна кандидатка, ориентирана кон претприемништвото“, додавајќи дека на позицијата ќе го донесе своето искуство во владата и како менаџер на кредитна задруга.

Таа е презвитеријанка која пораснала на селска фарма во близина на границата на Северна Ирска. Таа рече дека има уникатно разбирање за различните традиции на островот Ирска.

На гласачкото ливче ќе се најде и трето име, а кандидатот на партијата Фијана Фаил, Џим Гевин, технички сè уште има можност да победи на изборите, и покрај тоа што пред неколку недели изјави дека се повлекува од трката поради откриени долгови.

Претседателската функција главно се смета за церемонијална улога, но носи и важни одговорности, вклучително и советување за уставноста на предложените закони пред нивното донесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер