Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
КултураПретседателот Пендаровски ќе го отвори 61-то издание на Охридско лето Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето", во Античкиот театар во Охрид.Обраќањето на претседателот Пендаровски, најавија од неговиот кабинет, ќе се пренесува во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот. Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето", којшто традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, годинава свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски" во изведба на уметниците од Националната опера и Балет. Во Охрид вечерва ќе биде подигната завесата на годинешното 61 издание на најреномираната и најголемата музичко-сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето". За свеченото отворање на Фестивалот што секогаш е посебно уметничко доживување, сцената на Античкиот театар е резервирана за големиот музичко-сценски спектакл „ГОлемиот Чајковски", сочинет од најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро", „Оревокршачка" и „Заспаната убавица", и извадоци од балетот „Ана Каренина" и операта „Евгениј Онегин". Повеќе од 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, што се носители на проектот веќе ги одржаа генералните проби на Антички. Оваа година на програмата на Фестивалот се 34 уметнички концерти и шест театарски претстави. Повеќе од 500 уметници од 18 земји ќе бидат дел од магијата што уметноста ќе ги донесе во Охрид, врвни концерти со познати светски имиња, со приоритет на македонски уметници кои имаат светска слава, национални оркестри и театарски куќи. Спој на еминентни домашни изведувачи кои заедно ќе настапат со светски познати имиња од уметноста, за потврда на Фестивалот „Охридско лето" како еден од најголемите промотори и афирматори на врвната уметност. Фестивалот за отворен ќе го прогласи покровителот на Манифестацијата – претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Пред публиката уште ќе се обрати и министерката за култура Ирена Стефоска, додека пораката на уметниците ќе ја пренесе Олга Панго, директорката на Националната опера и балет. Меѓу најдобрите и најхрабрите со кои фестивалската публика во Охрид ќе се дружи наредните месец и половина се врвни имиња од областа на музичката уметност како Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович, Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл „Театро ала мода", Горѓи Цинциевски, Саимир Пиргу и Мерита Таршана, гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб на чиј концерт ќе настапи нашиот млад виолинист Александар Иванов, Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор под раководство на диригентот Ивица Зориќ Менада, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин, Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану,Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа, Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду, дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ, Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ. Во драмскиот дел покрај четири домашни театарски продукции во Охрид ќе гостуваат уште и актерските екипи на Српското народно позориште од Нови Сад и Југословенскиот драмски театар од Белград. „Охридско лето" како манифестација има своја особена специфика, со строги правила што се може да биде ставено на програмата. Но, покрај оној класичен дел преку „офф програмата" нуди и неколку содржини наменети за пошироката публика. Оваа година тоа ќе биде концертот на Националниот ансамбл „Танец" кој јубилејот по повод 70-годишнината од формирањето ќе го одбележи со настап заедно со националниот хрватски ансамбл „Ладо". Тука е и роденденскиот концер т нафестивалот со концертот на „Синтезис", а голем интерес кај пошироката публика има и за најновиот проект „Нашата вечер во Охрид" што српскиот драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ специјално го подготвува за долго очекуваната средба со публиката на Фестивалот „Охридско лето". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter