Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Норберт Герберих.

На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Македонија и Германија, при што изразија задоволство од достигнатото ниво и континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски истакна дека градењето на пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Македонија, изразувајќи очекување за нивно натамошно унапредување во сферата на економијата, безбедноста, како и во други области од заеднички интерес.

Во однос на реализацијата на нашите стратешки цели, претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната и отворена заложба на Германија, за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, како и за поддршката за членство во НАТО.

Претседателот Пендаровски истакна дека во изминатиот период Македонија презеде одлучни чекори за развивање на добрососедските односи и во исполнување на реформската агенда со што ја покажа својата посветеност на евроатлантските процеси.

Одредување на датум за почеток на пристапни преговори од страна на Европскиот совет, порача претседателот Пендаровски, позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима во Македонија и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите во регионот. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја поздрави иницијативата „Берлински процес", како конкретен влог на Германија за поддршка во евроатлантската интеграција и регионалната соработка со земјите од Балканот.

Амбасадорот Герберих на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, изразувајќи уверување за натамошно интензивирање на односите меѓу двете земји во периодот што претстои.

Кабинет на Претседателот

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер