Претседателот Пендаровски го комплетираше својот кабинет

Ерол Муслиу е новиот директор на Агенцијата за разузнавање. Претседателот Пендаровски го објави својот нов кабинет. Првото службено патување ќе му биде на 17ти јуни во Брисел.

Десет дена по инаугурацијата, Претседателот Пендаровски го повлече првиот потег - го разреши досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, а а не негово месо го именуваше Еролд Муслиу... Станува збор за професионелец, кој по завршувањето на факултетот за безбедност, во 1994 година се вработил во УБК, а неколку години подоцна преминал во Агенцијата за разузнавање... Таму ги поминал сите скалила, а последниве години бил помошник-директор...

Пендаровски полека го комплетира и претседателскиот кабинетот.. Со него, како што е познато ќе раководи Миле Бошњаковски, советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, кој долги години работел во мисијата на НАТО во Скопје, советници ќе бидат професорот од Правниот факултет, Александар Спасов, амбасадорот Гоце Карајанов, досегашниот програмски диркетор на институтот Прогрес Тоше Зафиров, и Љуљета Адеми.. Советник за медиуми ќе му биде Катерина Цаневска, а со одделот за односи со јавноста ќе раководи Билјана Радева, која доаѓа од Британската амбасада. Протоколот пак ќе го води Билјана Мицевска Јосифовска.

Освен кабинетските советници, Пендаровски ќе има и неколкумина надворешни советници.. Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи. Како надворешен соработник бил поканет и претседателскиот кандиат Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Од кабинетот велат дека во времето додека Пендаровски бил таму како советник имало 37 вработени, а Иванов нивниот број го зголемил на 61. Отпуштања нема да има, велат од кабинетот, но повикана е финансиска ревизија како и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот управен инспекторат за да се види како е водена архивата.

Пендаровски би поддржал иницијатива за намалување на привлиегиите по завршувањето на мандатот.. Сепак и да остане сегашнито закон, најавува дека нема да бара претседателска пензија, а по мандатот ќе се врати на работното место професор. Нема да бара ниту пари за отворање на канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, за состаноци и средби како поранешен претседател.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

притисни ентер