Мадуро ја искористи приликата да ги повика оружените сили да се спротивстават на каков било обид за пуч, додека продолжуваат судирите на неговите поддржувачи со поддржувачите на самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.
Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо ги повика синоќа вработените во државните компании од денес да почнат генерален штрајк и со тоа да ја поткопаат владата.
Мадуро ја пофали лојалноста на војската и ја повика да се обедини и да го заштити уставот.
„Никој не смее да ја чепка нашата света земја и да донесе војна во Венецуела“, порача Мадуро.