Бартомеу ја раскажа целата сага со Меси за каталонскиот ТВ3. Тој истакна дека треба да му се честита нему и на администрацијата што го задржаа Меси.
"Нема да се расправам со Меси. Тој е наш капитен и водач на тимот. Не можев да дозволам да го напушти клубот, тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот и му треба на тимот. Ако го имате Меси, гарантирано ќе бидете успешни. Видовме како изгледа на теренот и повеќе не размислуваме за сагата.Треба да си честитаме за тоа што успеавме да сториме за да остане со нас и за тоа како се однесуваше во последните неколку дена.
"Управата и јас ќе продолжиме да работиме за да имаме што подобар тим. Никој не сака да се откаже. Клубот нема да запре и ние ќе продолжиме да работиме, имаме многу проблеми да ги решиме.
Да потсетиме, Меси побара да ја напушти Барселона по 20 години, но на крајот остана поради договорот и затоа што веројатно ќе требаше да го потврди заминувањето на суд.
Во едно интервју, тој објасни дека никогаш нема да го тужи клубот што му значи живот, но тој не одговори дали ќе остане во Барселона и по оваа сезона. Неговиот договор истекува во летото 2021 година, па можно е следната година повторно да не очекува нова трансфер-сага.