Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветПретседателот Јун Сук Јеол по прогласуваењто на вонредната состојба истата ја повлечеИако првично прогласената воена состојба траеше само неколку часа, политичката неизвесност продолжи и денеска, ставајќи ja на тест младата парламентарна демократија во Јужна Кореја. Претседателот Јун Сук Јеол, кој вчера прв пат по 40 години ненадејно прогласи воена состојба поради како што образложи да се ускоренат севернокорејските антидржавни сили, сега се соочува со импичмент, откако шесте опозициски партии кои се мнозинство во собранието, го поднесоа предлогот, за кој ќе се гласа деновиве. -Иако тој ја поништи воената состојба, нема да избегне одговорност. Јасно е дека тој повеќе не може да ја води државата. Треба да отстапи и да си поднесе оставка. Тоа е мандат на народот. , изјави Парк Чан, лидер на опозициската демократска партија во Јужна Кореја. На барањето за отповикување, синоќа му претходеше вистинска драма во и пред собранието. Сеул го надлетуваа хеликоптери. Војска упаѓаше од сите страни во Парламентот, додека од друга страна опозициските пратеници се пробија во објектот и едногласно ја поништија воената состојба, а претседателот мораше да го повлече указаот. -Воените трупи се повлечени. Го прифаќам барањето на националното собрание и ја укинувам воената состојба. , изјави Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја. Но, говорот на претседателот не го стиши гневот на улиците. Реки луѓе се слеаја на плоштадите во Сеул и во поголемите градови, барајќи оставка од претседателот, зад чиј потег, многумина видоа обид да ја врати контролата на власта, по поразот на изборите на неговата партија. -Загрижена сум зашто војници и хеликоптери за кои обично читаме во книгите сега ги гледаме тука во 2024 година. , вели жителка на Сеул. -Претседателот Јун очигледно не знае што се антидржавни сили. Мислам дека во моментов тој е најантидржавната сила и затоа треба да си замине. , вели жител на Сеул. Последен пат во Јужна Кореја беше прогласена воена состојба во 1979 година, кога тогаш долгогодишниот воен диктатор Парк Чунг-хи беше убиен за време на државен удар. За отповикување на претседателлот е потребно двотретинско мнозинство, кое се очекува лесно да се обезбеди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34