3Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Светскиот самит на владите во ДубаиПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.Како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката ќе биде главна говорничка на сесијата посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој. - Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики. Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на Самитот. Централна тема на настанот е „Обликување влади на иднината“ - се вели во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова. Светскиот самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовираат глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето во светот. На годинешното издание на Самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и речиси 6.000 учесници. За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЃорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубреГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат. - Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЈанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот КавадарциДенеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот. По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач. Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен. Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСинер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман. Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил. На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа: „Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“ На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик: „Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook