Претседателката Сиљановска Давкова ја прими израелската амбасадорка, Симона Франкел

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна македонскиот интерес за искористување на значајниот потенцијал за понатамошно унапредување на севкупната соработка и важноста од продлабочување на билатералните односи преку конкретна секторска соработка, имајќи ги предвид економските, технолошки и научни капацитети на Израел.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за актуелната состојба во Израел по нападите на Хамас од октомври минатата година. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека за сите безбедносни прашања, вклучувајќи го и Блискиот Исток, нашата држава го усогласува својот став со позициите на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и во координација со земјите-членки на НАТО, а се води исклучиво од македонскиот интерес и интересот на македонските граѓани.

Собраниската Комисија ги усвои барањата за апанажа на Маричиќ, Шаќири и Бајрами

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос.

Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена на гласање и усвоена.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот.

Потпишани се, рече, и решенијата за неспоивост на функцијата пратеник со функцијата претседател на Владата или министер, решенијата за престанок на право на плата по престанок на функцијата пратеник на Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и на избраните министри, како и решенијата за плати на замениците на претседателот на Владата, Изет Меџити, Александар Николовски, Љупчо Димовски, Иван Стоиљковиќ и Арбен Фетаи.

Николоски:Во фокус е модернизација на инфраструктурата, унапредување на регионалната поврзаност

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури.

Министерот Николоски го потенцираше значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој увери за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите.

На средбата се отворија и прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот.

“Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата. Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата,“ истакна министерот Николоски на средбата, соопштуваат од Министерството.

Пеколен Ден на независноста во САД: Аларм за 150 милиони луѓе, температа над 46 степени (ВИДЕО)

Предупредување за екстремни температури и горештини е издадено за 21 сојузна држава ширум САД, каде денеска се слави Денот на независноста, еден од најголемите празници во земјата.

Како што јави „Ен-би-си њуз“, високи температури се очекуваат во западниот дел на земјата, а температурата ќе се искачи до 115 Целзиусови степени (46,1 Целзиусови степени).

Се очекува 130 градови да постават нови рекорди на високи температури на сите времиња, а најнови се Сан Рафаел и Ливермор, Калифорнија.

Покрај во Калифорнија, екстремни горештини се очекуваат и во Невада, Аризона, Вашингтон и Орегон. Овие се потенцијално опасни по живот временски услови. Топлината е водечка причина за смртни случаи поврзани со временските услови во САД.

„Влегуваме во потенцијално историски смртоносен топлотен бран“, предупреди Националната метеоролошка служба за областа на заливот Сан Франциско.

Се очекува топлотниот бран во Сан Франциско да трае 12 дена и да биде најлош во последните 18 години. Предупредување е издадено и во градот Лос Анџелес. Меѓу најранливите се бездомниците.

Гувернерката на Орегон, Тина Котек најави отворање на центри во кои граѓаните можат да се разладуваат. Алармантна е и ситуацијата во Феникс. Температурата во овој град вќе 16 дена е над 43 Целзиусови степени.

Полицијата потврди дека едно дете починало при планинарењето поради високата температура. Голем број градови ги откажаа или ги одложија парадите и огнометите планирани за денеска, бидејќи поради високите температури може да дојде до пожар поради употреба на огномети.

Додека на западниот дел на САД му се закануваат пеколни горештини, во централниот дел се стравува од торнада. Издадено е предупредување за торнадо во Мисури, делови од Канзас и Оклахома, каде живеат шест милиони луѓе.

притисни ентер