Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е на распит во Обвинителството - Канал 5

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е на распит во Обвинителството

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата е на распит во ОЈО.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска е на распит во Обвинителството

Како што дознаваме Димитровска попалднево е на распит во Обвинителството. Според информации на Канал 5 , Димитровска претходно била донесена во Кривичниот суд со полициска придружба.

Повеќе детали очекуваме за подоцна во текот на денот.

Писториус: Путин дава „празни ветувања“ за прекин на огнот

Разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш покажа дека Москва сè уште не е подготвена да прави отстапки, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус: Путин дава „празни ветувања“ за прекин на огнот

Путин само зборуваше за прекин на огнот под негови услови, кои вклучуваат Киев да се откаже од членството во НАТО, да ги отстапи окупираните територии и многу повеќе, рече германскиот министер, при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Брисел.

- Владимир Путин очигледно продолжува да игра на време, рече Писториус.

- -Путин сè уште не изгледа сериозно заинтересиран за мир, за прекин на огнот. Барем не под услови кои се прифатливи за другите, додаде тој и нагласи дека доказ за тоа се неодамнешните руски напади врз Украина.

- Нападите со околу 270 дронови зборуваат сами за себе. Неколку луѓе во Украина се убиени и многу повредени. И мислам дека тоа зборува погласно од празните ветувања што ги слушнавме досега, рече Писториус.

Како последица на најновите случувања, Писториус верува дека ЕУ треба дополнително да ја прошири својата воена поддршка за Украина и да го зголеми притисокот со санкциите, пренесе ДПА.

- Најефективна санкција е дополнително да се прекинат паричните текови, приходите од продажба на енергија за Русија. Во тој правец треба да одиме понатаму, рече Писториус.

Видео: Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих во Кан

Холивудската ѕвезда, актерот Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан, и започна вербална расправија со еден од многубројните фотографи. Оскаровецот Дензел Вашингтон се најде во центарот на вниманието пора

Видео: Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих во Кан

Дензел дојде на фестивалот за премиерата на неговиот нов филм „Highest 2 Lowest“. 70-годишната Дензел разговараше со колешката А$АП Роки додека многубројните фотографи ги повикаа.

Според очевидци, фотографот сакал да го привлече вниманието на Дензел и го фатил за рака. Ова многу го налутило славниот актер.

Дензен се свртел кон фотографот и го предупредил да престане. Фотографот, како што се гледа на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се насмевна и повторно посегна по раката на актерот, но Дензел нагло ја повлече неговата рака и повтори: „Престани“. Тој беше видно вознемирен.

Малата вербална расправија на црвениот тепих не го спречи Дензел Вашингтон да слави на филмскиот фестивал.

Дензел, режисерот Спајк Ли и А$АП Роки добија овации за нивната работа на филмот, кој е прва соработка на Дензел и Спајк по речиси 20 години.

Девојка на фудбалска ѕвезда: „Бев ѕвезда на филмови за возрасни, сега станав домаќинка“

Атрактивната Тијана е во врска со познат фудбалер, а сега со едно видео го запали интернетот!

Девојка на фудбалска ѕвезда: „Бев ѕвезда на филмови за возрасни, сега станав домаќинка“

Тијана Трамп, која е позната актерка во филмовите за возрасни, со објава на социјалните мрежи ги изненади следбениците на социјалните мрежи.

Атрактивната Тијана која е во долгогодишна врска со познатиот фудбалер и поранешен ас на Арсенал, Николас Пепе, сега се чини сака да му стави крај на контроверзниот живот, актерката изгледа решила да ја прекине успешната кариера и да му се посвети на семејството??!

Тијана сега повторно привлече големо внимание откако преку социјалната мрежа Snapchat сподели видео на кое пере алишта со краток коментар:

- Неверојатно е колку брзо ја променив кариерата. Бев порно ѕвезда, а сега сум домаќинка!

Таа потврди дека односот меѓу неа и фудбалерот оди во добар правец и дека е задоволна. Тие двајца во ноември минатата година официјално признаа дека се во емотивна врска и дека сега уживаат.

Пепе моментално го носи дресот на Виљареал за кој сезонава одигра 27 натпревари и постигна три гола и шест асистенции, како и важна асистенција против Барселона. Се чини дека најде конечен мир и на теренот и во приватниот живот.

притисни ентер