Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје поврзани со дискотеката „Пулс“ - Канал 5

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје поврзани со дискотеката „Пулс“

Сопругата и ќерката на на сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани, Дејан Јованов Деко, според неофицијални информации на Канал 5 од вчеравечер се спроведени во полициска станица. 

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје поврзани со дискотеката „Пулс“

Тие се дел од повиканите со кои е извршен распит како лица кои би можеле да имаат определени сознанија, а според информациите, ќерката на Јованов е повикана бидејќи лани ја зела филсификувана лицнеца од Министерството за економија..

Од обвинителството засега не откриваат повеќе детали околу тоа дали ќе бидат опфатени во истрагата. Доколку има нови приведени велат дека ќе известат. Потврдуваат дека од вчера и денеска се вршат претреси на повеќе локации за обезбедување докази во истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани. Истражители на обвинителството и МВР влегле во кафе барот Класик кој беше демолиран ден по пожарот а кој е во сопственост на Дејан Јованов Деко. Претреси се извршени и во подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.

-Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.- ЈОРМ

Во истрагата која ја отвори обвинителството опфатени се 27 физички и три правни лица. Меѓу нив е и Дејан Јованов Деко, екс министерот Крешник Бектеши и поранешни директори на ДПИ. Осомничени за тешки дела против општата сигурност. Сите се во притвор освен двајцата членови на бендот ДНК и управителот на фирмата која раководела со дискотеката, кои се уште се на лекување. Посебна истрага со 7 осомничени командири, началници и други службеници води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за кои исто така е определен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево и топло

Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

 Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Ристо Никовски.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Поголеми шанси за проширување или поголеми пречки пред интеграцискиот старт, кои се новите правила за членство што ги подготвува ЕУ? Што може да очекуваме од заострената реторика со Софија? На кои „тројански коњи“ мисли Кос и како дел од членките да ги почитуваат европските вредности?

Каде е Македонија среде новите геополитички потреси?

Кој ги бара, а кој не е подготвен да оди на предвремени избори?

Дејан Трајкоски во Вести Плус, со Ристо Никовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер