Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции
1Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекции
МакедонијаПретрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШвајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на населението на 10 милиони, покажуваат првичните проекцииГласачите во Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони, покажуваат првичните проекции.Не се пребројани сите гласови, но сегашниот тренд покажува дека 55% од учесниците гласале против, во споредба со 45% кои биле „за“, пренесе Би Би Си. Предлогот дојде од десничарската швајцарска Народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Во швајцарија која има над 9 милиони жители, една третина се лица кои се родени во странствоТагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаСДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се веруваВо ВМРО постојат двајца Мицкосски.Едниот, во опозиција, ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе обезбеди подобра преговарачка рамка. Другиот, на власт, го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, а НАТО го прогласи за „најдобра работа за безбедноста и инвестициите“. Сега повторно имаме двајца Мицкоски. Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на мандатот. Другиот веќе отворено зборува за предвремени избори. Во Македонија е против ЕУ, а во странство се претставува како голем поддржувач на ЕУ. Овде не спроведува реформи и заедно со Латас води анти-ЕУ кампања, а во странство се фотографира и објавува дека наводно сака европска иднина за државата. Во странство преговара за мигранти односно „економски работници„, а дома им зборува на граѓаните дека нема да ги има. Едниот вели нема да има а што вели другиот? Ние рековме, избори, па мигранти. Мицкоски толку многу лаже, што ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже коалиционите партнери, а на крајот се лаже и себе си. Кој Мицкоски е вистинскиот? Дали е оној кој сака да остане на власт до крајот на мандатот, или оној кој веќе се подготвува за избори затоа што нема пари во буџетот и не може да ја одржува власта? Граѓаните веќе знаат дека не може да му веруваат. Еден ден Мицкоски вели едно, друг ден - сосема спротивно. Ова не е политичка стратегија, туку доказ за слабост, несигурност и за тоа дека власта се распаѓа одвнатре. Кој Мицкоски е вистинскиот? Граѓаните веќе знаат – ниту еден. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвиот викенд по крајот на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон ГрцијаПрвиот викенд по завршувањето на учебната година донесе зголемени гужви на граничните премини кон Грција.Патници од Македонија, Србија и други земји надвор од ЕУ се соочуваат со долги чекања за кои дел од нив предупредуваат дека би можеле да се интензивираат со воведувањето на новиот систем за влез во Унијата. На преминот Богородица утринава според некои информации се чекало по неколку часа за влез во Грција, додека на преминот Дојран колоните достигнувле должина од околу еден километар. Полесна, пак била состојбата на преминот Меџитлија кај Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook