Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Шоу бизПресврт на судењето на Гвинет Палтроу, ќерката на повредениот човек изнесе нови детали На вториот ден од судењето за граѓанскиот случај меѓу Гвинет Палтроу и Тери Сандерсон, пишува британски Мирор, од сведоци можело да се слушне дека пензионираниот оптичар бил познат како емотивен насилник.Тој лесно се разгорувал и се лутел уште пред инцидентот во 2016 година. Имено, Сандерсон ја тужел познатата актерка по несреќата на скијање, барајќи отштета од 300 илјади американски долари за „повреда на мозокот, четири скршени ребра и други тешки повреди“. Оттогаш Палтроу поднесе противтужба, барајќи правни трошоци и отштета од 1 долар. Адвокатите на актерката номинирана за Оскар вчера ја прочитаа изјавата на ќерката на Тери Сандерсон, Џени Сандерсон, за време на вкрстеното испрашување на сведокот доктор Вендел Џиби. Радиологот претходно сведочел дека Сандерсон (76) имал затегнати односи со семејството по несреќата во одморалиштето „Дер Вели“ во Парк Сити. Така, за време на вкрстеното испрашување, адвокатот Џејмс Иган прашал дали д-р Џиби е запознаен со наводите во сведочењето на г-ѓа Сандерсон, во кое таа го опишала нејзиниот татко како доминантна личност која лесно се фрустрира. Во својот доказ, таа тврдела дека не се чувствувала сакана од нејзиниот татко пред да опише како тој вербално ги малтретирал неа и нејзината мајка. Таа раскажа и како немала врска со нејзиниот татко цели 13 години. Д-р Џиби рече дека не можел да се сети на сите детали од изјавата, но рече дека знаел дека Сандерсон бил лут на човекот кој наводно имал афера со неговата сопруга. Се тврдеше дека Сандерсон удрил друг маж, но д-р Џиби рече дека мисли дека таквото однесување е „некарактеристично“ за обвинителот, тврдејќи дека односот на Сандерсон со неговото семејство само се влошил по несреќата. Тој, исто така, рече дека повредите со кои се здобил Сандерсон веројатно не биле предизвикани од тоа што тој удрил во Палтроу. Се очекува судењето да трае до осум дена и се очекува Палтроу да биде повикана да сведочи. На првиот ден од судењето, Лоренс Балер, кој го застапува Тери Сандерсон, го нарече однесувањето на г-ѓа Палтроу за време на инцидентот „непромислено“. Тој започна: „Дами и господа... расеаните скијачи предизвикуваат несреќи, обвинетата Гвинет Палтроу знаеше дека гледањето во планината и настрана додека се спушта по планината е опасно. Таа гледаше на друго место слепо скијајќи по планината. Беше несовесна. "Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!По повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука, упатувам искрени честитки до сите припадници на албанската заедница, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Јазикот, писмото и културното наследство се темелни вредности на секој народ и важен дел од неговиот идентитет. Нивното почитување не нè разделува, туку нè зближува и нè прави побогати како општество. Нашата заедничка одговорност е да градиме држава во која различностите ќе бидат вредност, еднаквоста принцип, а меѓусебната почит темел на заедништвото. Да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги почитува различностите. Општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво почитуван, прифатен и вреднуван. Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!- стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСо сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снеготСе приближува скијачката сезона, а новиот договор овозможува користење на ски-билети во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и на други дестинации.Вистинската зима сè уште не пристигнала, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел од годината и за активностите на снегот. Покрај опремата и изборот на ски-центри, скијачите водат сметка и за ски-билетите, чии цени се разликуваат од едно до друго скијалиште. Затоа, претставници на ски-центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија одлучија да им овозможат полесно уживање во зимските чари. Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка, наречен „SKI REGION“, кој предвидува заемно признавање на сезонските ски-билети и можност за нивно користење во траење од три дена во партнерските ски-центри. Договорот е потпишан со цел поврзување на регионалните ски-центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам. Генералниот директор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Игор Жиљак, изјави дека сопствениците на сезонски ски-билети за Јахорина ќе можат да скијаат три дена на Бјелашница, како и по три дена во партнерските ски-центри во Словенија, Србија и Црна Гора. „Сите ски-центри во регионот се согласија нашите сезонски билети да важат во центрите со кои имаме потпишано договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин на туристите ќе им овозможиме подобро скијање и поубава атмосфера“, рече Жиљак. Тој изрази очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и за зголемување на интересот за регионалните ски-дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, пренесува сараевскиот портал „Кликс“ (Klix). Почетокот на зимската скијачка сезона се разликува од планина до планина, а на Копаоник е планиран за 3 декември, кога ќе се одржи настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Се разбира, почетокот може да се промени во зависност од условите на теренот.Тагови: снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветСе запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинатиБројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс. Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници. #BREAKING: 3 dead, over 30 missing after candy factory fire in Serang, Indonesia. https://t.co/sCMHPWPYH2 — Insider (World News) (@InsiderWN) November 22, 2026 Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели. Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter