Престрелка на Бит пазар меѓу две групи – едно лице загина - Канал 5

Престрелка на Бит пазар меѓу две групи – едно лице загина

Едно лице беше рането , а попладнево им подлегна на повредите во пукотница која се случи попладнево во близина на Бит пазар во Скопје. 

Престрелка на Бит пазар меѓу две групи – едно лице загина

Едно лице загина во вооружена престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на полициската станица.

Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на раскрсница на улицата Војдан Чернодрински. Дел од куршумите завршиле и во околните објекти.

Прозорците на неколку од околните дуќани се оштетени од пукањето. Сопствениците не сакаа да зборуваат пред камера но велат дека пукотницата траела кратко време но се случила во време кога на улицата имало многу деца.

Од МВР велат :„Се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објекти и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Екипи на полицијата го обезбедуваа местото а улицата беше затворена за сообраќај и минување додека трае увидот. Повреденото лице е пренесно на Ургентен а засега нема информација дали се пронајдени и уапсени лицата кои учествувале во престрелката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер