Прес-конференција на премиерот Мицкоски и вицепремиерот Меџити - Канал 5

Прес-конференција на премиерот Мицкоски и вицепремиерот Меџити

Попладнево прес-конференција во владата одржуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Меџити.

Прес-конференција на премиерот Мицкоски и вицепремиерот Меџити

Михајло Видимлиски е пред владата.

Михајло, има ли првична оценка за извештајот за Македонија.

Опозицијата веќе го нарече дипломатска шлаканица за ВМРО-ДПМНЕ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евра

Опел ќе инвестира повеќе од милијарда евра во Германија до 2030 година, објави Стелантис, со цел зајакнување на производството и развојот на нови модели на европскиот пазар.

Опел се „остри“ за новата Астра: Инвестира повеќе од милијарда евра

Дел од инвестицијата ќе биде насочен кон производство на моделот Астра од следната генерација во фабриката во Риселсхајм, седиштето на Опел, објави Ројтерс.

Стелантис оцени дека овој потег ја потврдува долгорочната посветеност на германскиот пазар и важноста на Опел во стратегијата за развој на групацијата во Европа.

Компанијата планира да лансира најмалку четири нови модели до крајот на деценијата, вклучувајќи ги наследниците на популарните модели Астра и Корса, како и нов компактен теренец развиен во соработка со кинескиот производител „Leapmotor“.

Директорот на Стелантис за Европа, Емануел Капелано, изјави дека инвестицијата во новата генерација на Астра е јасна потврда за важноста на Германија како индустриска база на компанијата.

Според компанијата, сегментот на компактни автомобили сочинува приближно 30 проценти од вкупниот европски пазар на возила и е еден од клучните сегменти за идниот раст на групацијата. Најавената инвестиција е дел од поширокиот бизнис план на Стелантис од 60 милијарди евра, откриен минатиот месец, кој предвидува развој на 60 нови модели до 2030 година, вклучувајќи хибридни возила и целосно електрични автомобили.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во четврток претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од четврток попладне, ноќта кон петок и петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2), грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорот на Финансиската полиција Ивановски

На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорот на Финансиската полиција Ивановски

Јавниот обвинител на Република Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата.

На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со цел поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал со посебен акцент на спроведувањето на финансиските истраги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер