Кога таа операција ќе се заврши, тогаш, како што рече, може да се даваат сеопфатни оценки на првите, генерални бројки.
– Повеќе од 130 илјади луѓе да не ги попишете која националност се, а притоа да знаете за нив дали имаат високо, средно или основно образование, кој е доктор, адвокат, општ работник, а само да не знаете на која етничка заедница припаѓа, кој му е мајчин јазик и кој јазик го зборуваат дома во семејството, тоа е јаболко на раздорот, кое свесно се пушта од страна на Владата, рече Пренџов. Порача веднаш да организираат работни групи, луѓе кои ќе ги посетат овие 130 илјади граѓани и да им објаснат дека за нив се знае се, а не се знае само етничката припадност и вероисповеста. Тогаш, како што рече, ќе имаме релевантни бројки на Пописот.
Пренџов апелираше Пописот да не се злоупотребува, да не се прави дека е меѓуетнички. Според него, Пописот се однесува на резидентно населението, а не на дијаспората.