Премиерот Заев на седницата за пратенички прашања - Канал 5

Премиерот Заев на седницата за пратенички прашања

: За прв пат граѓаните имаат своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде 

Премиерот Заев на седницата за пратенички прашања

„Милијарда и триста милиони евра се пуштени кон граѓаните посебно кон лозаропроизводителите, производителите на тутун - тоа се илјадници наши семејства, од кои најголем број живеат само од тоа", соопшти премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

„Дефинитивно, прв пат имаат граѓаните своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде, без разлика колку тоа чини, да се реалоцираат и да се најдат средства од Буџетот. Откупот на грозјето оваа година беше пример дека граѓаните имаат своја Влада подготвена да помогне секогаш кога на нив тоа им е потребно", рече премиерот Заев.

Фокусирајќи се кон одговорот околу состојбите во лозарството, премиерот Заев посочи дека 45 проценти во цената, или вкупната сума на пари што ја добиле лозарите е од откупувачите, а 55 проценти од својата земја.

„Тоа никој пат не било така, причините се нормално последиците од КОВИД, што ги намали пласманите на винското грозје, односно виното, останати количини на залихи и неопходноста од интервенција на државата. Државата не се мислеше кога требаше да им се помогне на лозарите и тоа го направи. Покрај стандардните субвенции по хектар, кои се даваат, а се дополнително зголемени во последните години - даде дополнително 2 денари, уште плус 2 денари, па уште 4 денари, па плус мерката за извоз - да стимулира, сé со конечна цел да се откупи и последното зрно грозје. Тоа го направивме. Кога се јавија потребите за дестилирање, тоа беше дополнително можност како алатка да им помогнеме на лозаропроизводителите да дојдат до екстра 4 денари. Парите се сите кај производителите, не се кај откупувачите. Денес кога зборуваме е исплатено сè. Сè. Дополнително со репрограм се најдоа пари и дополнителните средства да можат да бидат исплатени", објасни премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека и мерката за извозот дава резултат.

„Оваа година ни е со најголем извоз на винско грозје, посебно наливното вино, токму заради стимулацијата која ја дадовме, за повеќе да се извезува. Работиме максимално на поддршка на сè што е поврзано со извозот, за да постигнат нашите трговци, откупувачи, поголема компетитивност на меѓународните пазари и поголем дел од македонското грозје да се пласира колку што може повеќе надвор", додаде премиерот Заев.

Тој рече дека „сите субвенции кои се исплатени досега го дадоа својот резултат, дека некаде имало потценети цени од страна на откупувачите, но тука беше државата да ја покрие разликата".

„И оваа година ќе ја дочекаме спремни и на нозе и ќе направиме сé што треба да направиме. Државата постои заради граѓаните и сме подготвени, ќе видите и во новиот ребаланс на Буџетот, повторно имаме проекции за помагање. КОВИД кризата е секојдневие, ако биде вака со опаднати бројки, може тоа да има рефлексија кон економијата, да се отвораат се повеќе потрошувачките капацитети за сите производи, па и за македонските земјоделски производи", најави премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.

ЈО: Отворена истрага против три лица

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош.

Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазар

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .

АХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи  на Бит пазар

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.

Видео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаос

Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн.

53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.

Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил.

Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие.

Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи.

Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер