3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
СветПремиерот на Романија поднесе оставка по изборот на „романскиот Трамп“ Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека поднесува оставка од функцијата по состанокот на владејачката коалиција на кој се разговараше за резултатите од првиот круг од претседателските избори .Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека поднесува оставка од функцијата по состанокот на владејачката коалиција на кој се разговараше за резултатите од првиот круг од претседателските избори и слабите резултати на кандидатите на владејачката коалиција. „Во декември беше формирана владејачка коалиција со две цели: да се обезбеди стабилна влада и да се обезбеди кандидат кој ќе победи на претседателските избори во Романија. Не успеавме да постигнеме една од тие две цели. Вчера го видовме гласот на Романците, тоа значи дека владејачката коалиција нема легитимитет“, рече Чолаку, објави романскиот портал Диги24. Чолаку рече дека им предложил на своите колеги од Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) да ја напуштат владејачката коалиција, што имплицитно води до негова оставка од функцијата премиер. Триумфот на „романскиот Трамп“ на изборите за време на викендот Да потсетиме дека националистичкиот кандидат Георге Симион обезбеди повеќе од убедлива победа во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 40,5 проценти од гласовите. Градоначалникот на Букурешт, Никусор Дан, го освои второто место со 20,89 проценти од гласовите, а заедничкиот кандидат на владејачката коалиција, Крин Антонеску, заврши на третото место со 20,34 проценти од гласовите. Кој е премиерот кој поднесе оставка и што значи неговиот пад? Марсел Чолаку е романски политичар кој беше премиер на Романија од 2023 до 2025 година. Роден е на 28 ноември 1967 година во градот Бузау, а од 2019 година ја предводи Социјалдемократската партија (ПСД), најголемата политичка сила во земјата. За време на неговата кариера, Чолаку беше познат по својата проевропска ориентација и застапување за стабилност во земјата. Неговата владејачка коалиција, составена од ПСД, Националната либерална партија (ПНЛ) и партијата на унгарското малцинство УДМР, се стремеше да ја задржи Романија на прозападен курс, особено во контекст на членството во ЕУ и НАТО. Сепак, откако кандидатот на неговата коалиција, Крин Антонеску, не успеа да стигне до вториот круг од претседателските избори, тој денес поднесе оставка. Чолаку ја објасни својата оставка со губењето на легитимитетот на владејачката коалиција и најави повлекување на ПСД од власт. До формирањето на нова влада, министрите ќе останат на своите позиции за да обезбедат политичка стабилност. Неговиот политички пад означува значајна промена во романската политика, со можни последици за односите на земјата со ЕУ и НАТО, особено со оглед на евроскептичните ставови на Симион и противењето на воената помош за Украина. Каква е состојбата во Романија денес? Во 2025 година, Романија се соочува со длабоки социоекономски предизвици што создадоа плодна почва за зајакнување на крајната десница. Иако се очекува умерен економски раст од околу 2,6% во 2025 година, земјата се бори со висока инфлација која би можела да остане над 5% и голем буџетски дефицит кој достигна 8% од БДП во 2024 година и се предвидува дека ќе остане на тоа ниво без значајни фискални реформи. И покрај зголемувањето на платите и зголемената потрошувачка, многу граѓани сметаат дека економскиот напредок не се одразува на нивниот животен стандард. Незадоволството е особено изразено кај младите луѓе и во руралните средини, каде што чувствата на исклученост и недоверба кон политичката елита се сеприсутни. Оваа фрустрација е дополнително влошена од високата перцепција за корупција, неефикасност на владата и длабоко вкоренетиот клиентелизам и заробување на државата.Тагови: оставка Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter