СветСимион и Дан во вториот круг од претседателските избори во РоманијаПоточно, Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (АУР), освоил 3.856.981 глас, додека за градоначалникот на главниот град гласале 1.976.926 Романци. Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од гласовите, а Никушор Дан 20,99 отсто, пренесува романскиот портал Диги24. Поточно, Симион, кој е претседател на Алијансата за обединување на Романците (АУР), освоил 3.856.981 глас, додека за градоначалникот на главниот град гласале 1.976.926 Романци. Од податоците објавени утринава на платформата на АЕП, се заклучува дека треба да се пребројат уште само гласовите од три избирачки места во странство. Симион (38) е против воена помош за соседна Украина, го критикува раководството на ЕУ и го поддржува движењето на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“. Како конзервативен христијанин, го поддржа неуспешниот референдум во 2018 година, кој имаше за цел да ги забрани истополовите бракови. Доколку биде избран, Симион рече дека ќе објави колку Романија придонела за воените напори во Украина на штета на субвенциите за романски деца и пензии. Покрај тоа, тој поддржа враќање на Романија во границите од 1940 година, кои опфаќаат територии кои денес се дел од Бугарија, Молдавија и Украина, а во последните две земји му е забранет влез. Тој ја почна својата политичка кариера како активист, залагајќи се за обединување на Романија и Молдавија, за да во 2019 година ја основа партијата Алијанса за обединување на Романците (АУР). Никушор Дан, градоначалникот на Букурешт, е независен прогресивно-либерален политичар, кој стана познат како активист против букурешката мафија за недвижнини и коосновач на зелено-либералната протестна партија Унија Да ја спасиме Романија (УСР). Дан докторирал математика и важи за чесен, некорумпиран, но и не многу успешен во својата функција градоначалник на Букурешт, бидејќи сам се бори против моќниот апарат, коментираат светските агенции. Тој се залага за безусловна поддршка на Украина. Во Романија вчера се одржаа повторени претседателски избори. Излезноста беше поголема од 53 отсто. Вториот круг од изборите е планиран за 18 мај 2025 година. Тагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16