Премиерот на Малта пред оставка поради убиството на новинарката Галиција

Премиерот на Малта , Џозеф Мускат им порача на своите соработници дека планира да си поднесе оставка, пренесе Ројтерс.

Одлуката доаѓа по политичката криза што произлезе од истрагата за убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, кој беше убиен во 2017 година со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Поточно, оваа недела иследниците го испрашуваа Кит Шембри, еден од соработниците на премиерот, кој подоцна даде оставка како шеф на кабинетот. Но, тој не призна дека имал некаква врска со убиството на новинарката.

Нејзиното семејство денес побара оставка од Мускат, откако премиерот ја отфрли понудата на неодамна уапсениот бизнисмен Јорген Фенех, кој рече дека ќе даде информации за убиството ако биде ослободен и помилуван. Неговите адвокати рекоа дека Фенех има и информации во врска со високи владини функционери, вклучувајќи го и Шембри.

По две години бавно испитување без преголем напредок, во последните недели, иследниците дошле до важни откритија. Поточно, минатата недела полицијата го уапси Фенех додека се обидуваше да ја напушти земјата на неговата јахта.

Овој бизнисмен и стана познат на јавноста минатата година кога преку Панама Пејперс беше откриено дека тој е сопственик на мистериозна компанија 17 Black регистрирана во Дубаи. Убиената Каруана Галиција пишувала за 17 Вlack осум месеци пред да биде убиена, а во нејзините написи се споменува дека имало поврзаност со високи владини претставници.

Инаку, демонстрантите утрово се собраа пред владината палата, а меѓу нив беше и синот на убиената новинарка, кој фрлаше овошје по еден од автомобилите на министрите и извикуваше навреди.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер