МакедонијаПремиерот Мицкоски во посета во Обединетите Арапски ЕмиратиПретседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции, е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Како што соопштија од владината - прес служба, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба со претседателот на ОАЕ, воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана и се остварува оваа посета на ОАЕ. Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе имаат средба и со Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ. За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија. Тагови: Тимчо Муцунски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08