Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли наводите дека грчкиот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама - Канал 5

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли наводите дека грчкиот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама

Дали официјална Атина го корегирала говорот на првата дама на САД Меланија Трамп и спречила употреба  на името Македонија, без придавката Северна, на настанот во Вашинготн на кој присустваше сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска?

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли наводите дека грчкиот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама

Информацијата е главна вест во грчките медиуми кои пренесуваат и фотографии од подготвителниот говор на американската прва дама на кои се гледа дека планирано било да употреби Македонија.. Во официјалното обраќање, Меланија Трамп ги поздрави земјите кои се присутни на самитот, а за Македонија сепак ја употреби придавката Северна..

-Поздрав до Израел, Кенија, Косово, Литванија, Малта, Малави, Црна Гора, Мароко, Нигерија, С. Македонија.- Меланија Трамп – Прва дама на САД

Грчките медиуми се убедени дека промената е направена по итнервенција на грчкиот амбасадор во Вашинготн Антонис Александридис.

-Грчката амбасада во Вашингтон реагираше на говор на Меланија Трамп пред да се случи голема историска грешка. Што точно се случи го прашувам Костас Симеонидис, Костас?

-Катерина, првата дама на Америка се подготвуваше да ѝ се обрати на сопругата на скопскиот премиер Мицкоски на настан со фразата „Ја поздравуваме Македонија“ во присуство на гости од 45 земји. Но, нашиот амбасадор Антонис Александридис кој беше информиран на време, презема акција и така Белата Куќа го корегираше погрешниот говор пред да се обрати Меланија Трамп. Така, Катерина, првата дама, ѝ се обрати на нашата соседна земја со нејзиното уставно име, велејќи секако „Ја поздравувам Северна Македонија“-Катерина Цамури – Новинарка и Костас Симеонидис – Новинар

Македонскиот премиер Мицкоски пак, наводите на грчките медиуми дека нивниот амбасадор интервенирал во говорот на првата дама на САД ги отфрли како неосновани, оценувајќи дека такво нешто според него е невозможно и е обид за манипулација.

-Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност оди во рецензија кај некој дипломатски претставник. Јас не верувам во тоа, односно ако тоа се случило тогаш САД имаат озбилен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам некои од дипломатите од некои амбасади сакаат да бидат интересни, па тоа да го прикажат како успех, тоа е друга тема. - Христијан Мицкоски – Претседател на владата

Првата дама на САД и сопругата на македонскиот премиер имале и кус разговор на маргините на глобалниот самит посветен на вештачката интелигенција во образованието, на кој Мицкоска имала и обраќање.

Освен со Меланија Трамп, Мицкоска според обајвените фотографии од настанот, меѓудругите средба имала и со Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. 

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија.

Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT.

„Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис.

Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон.

Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира.

„Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени.

„Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер