3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје
АвтомобилизамПремиера: Новата Opel Astra пристигна во МакедонијаНа 24.6.2022 во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа промоцијата на најновиот модел во гамата на Opel – Новата Opel Astra!Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел. На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra. Продукт менаџерот за Opel - Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Сосема новата ASTRA....Зборува сама за себе.Дизајнирана, развиена и произведена во Германија. Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн...со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D.“ А потоа ги нагласи сите елементи/новитети кај овој модел кои го прават возењето уште подобро: Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар....дури 4 пати повеќе од ривалите. Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси. Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro. Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)... масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта. Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач...и дизел 1.5 со 130ks и АТ8. Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс ....а идната 2023 година целосно електрична. Новата Opel Astra ќе биде со почетна цена од 21.700 еур. Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто. Нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија. Повеќе информации за моделот можат да се добијат на следниов линк: и на дилерските страници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени? Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата? Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк. Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири. Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка. За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирањеГраѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска.Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција. Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата. Како луѓето да имаат доверба? Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик. Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата. Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето. Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во СкопјеКаде е Венко Филипче?Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари? Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија. Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар, „Мамас“. Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook