Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
АвтомобилизамПремиера на новиот BMW iX3 во Македонија.BMW ја отвора новата ера на електричната мобилност со првиот модел од Neue KlasseКомпанијата М Кар, официјален увозник на BMW за Македонија и Косово, денес пред македонската јавност го претстави новиот BMW iX3 – првиот модел од револуционерната Neue Klasse платформа на BMW, која означува почеток на една целосно нова ера за брендот. Уште пред официјалното пристигнување на пазарите, новиот BMW iX3 веќе доби значајно меѓународно признание, освојувајќи ги титулите „World Car of the Year 2026“ и „World Electric Vehicle 2026“, доделени во април 2026 година на New York International Auto Show, потврдувајќи ја неговата позиција како модел што ги поставува новите стандарди во електричната мобилност. „Новиот BMW iX3 не е само нов модел, туку симбол на трансформацијата на BMW кон иднината. Тој ја претставува Neue Klasse – нова BMW платформа која комбинира врвна електрична технологија, сосема ново ниво на дигитализација и препознатлива BMW динамика при возење. Neue Klasse ќе биде основа за повеќе од 40 нови модели и технолошки унапредувања до 2027 година, означувајќи ја најголемата технолошка трансформација во историјата на брендот. Но без разлика на промените, едно нешто останува исто: BMW секогаш ќе биде синоним за „задоволство при возењето“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.“ Со новиот BMW iX3, BMW отвора ново поглавје во иднината на мобилноста, дигиталното корисничко искуство, одржливоста и динамиката при возење. Како прв модел од Neue Klasse, BMW iX3 носи целосно нов дизајнерски јазик, интелегентни софтвери и шестата генерација на BMW eDrive технологија. Новиот BMW iX3 е придвижуван од напредна електрична архитектура базирана на 800V систем и нова генерација батерии, што овозможува поголема ефикасност, подобри перформанси и побрзо полнење, при што возилото нуди електричен досег до 805 километри според WLTP, а благодарение на можноста за полнење до 400 kW, за само 10 минути може да обезбеди досег до 372 километри. BMW iX3 носи и целосно нов визуелен идентитет, со прочистен и минималистички дизајн, нагласени површини и монолитен изглед кој ја истакнува неговата технолошка природа. Вертикалната BMW бубрежна решетка, новата светлосна графика и модерните пропорции создаваат впечатлива комбинација на елеганција, динамика и препознатлив BMW карактер, додека во внатрешноста BMW воведува ново ниво на интеракција преку BMW Panoramic iDrive и BMW Operating System X, овозможувајќи поинтуитивно користење, персонализација и поставување на информациите директно во природната линија на видик на возачот. Една од најзначајните технолошки новини кај BMW iX3 е новата електронска архитектура базирана на четири високо-перформансни компјутери – „superbrains“. Наместо голем број поединечни контролни единици, овие четири централни компјутери управуваат со возењето, инфозабавата, системите за асистенција и клучните функции на возилото, со што BMW iX3 станува возило базирано на централизирана софтверска архитектура и приближно 20 пати поголема компјутерска моќ во споредба со претходните генерации. Дополнително, BMW го воведува и новиот систем Heart of Joy, централен компјутер за возна динамика, кој компанијата го опишува како „централен нервен систем“ на возењето и кој ги обединува клучните функции во еден централен „мозок“, овозможувајќи побрзи реакции, подобра координација меѓу системите, попрецизно управување, поефикасна регенерација и помазно чувство при возење. Развиен специјално за електрични возила, Heart of Joy работи до 10 пати побрзо од претходните решенија и претставува една од најголемите технолошки промени што BMW ги воведува во последните две децении. Покрај технолошките иновации, BMW iX3 поставува и нови стандарди во одржливоста. Производството е насочено кон циркуларна економија, намалување на CO₂ емисиите и зголемена употреба на секундарни и рециклирани материјали, додека фабриката во Debrecen ќе функционира без употреба на фосилни горива во нормални услови на работа. Новиот BMW iX3 50 xDrive е веќе достапен во продажба на македонскиот пазар со почетна цена од 79.860 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06