НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КултураПремиера на „Хамлет од Горно Дупени“ во Прилепскиот театарПрилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Хамлет од Горно Дупени“ според текстот на Иво Брешан во режија на Кирил Петрески. Со оваа претстава ансамблот ја почнува годинашнава сезона.Режисерот Петрески истакна дека премиерата на претставата е точно по 45 години од праизведбата на текстот на Брешан во Загреб, тогаш насловен „Хамлет од Долна Мрдуша“. Претставата тематски е уште поактуелна во денешно време. - Текстот на Иво Брешан, оригинално насловен „Хамлет од Долна Мрдуша, општина Братуша“ е напишан далечната 1965 година. Цели шест години е криен по фиоките на управниците на тогашните театри кои се плашеле да го постават поради неговата политичка бескомпромисност. Праизведбата била во април 1971 година во Загреб. Се погоди нашата премиера да се поклопи со праизведбата по 45 години. Специфичноста на овој драмски текст е неговата интертекстуалност. Драмската класика, како што е „Хамлет“ од Шекспир, е сместена во современоста на 60-тите години од минатиот век, рече Петрески. Според него, станува збор за приказна во која има лицемерие, опортунизам, покриени со политичка фразеологија од тоа време, но времето покажало дека промената на политичкиот систем не значи и промена на менталитетот. Така, посочи, овој текст и оваа претстава им ја носиме на денешните гледачи. - И денес има многу луѓе како ликовите во претставата, како Мате Букара кои се потпомогнати од полтрони како Мачак и кукавици како Пуљо кои го оневозможуваат секој обид на поединецот за промена. Анасамблот на претставата работеше два месеца и според актерите, надмината е дилемата дали текстот да се постави класично или во нова, модерна верзија, потенцира Петрески. Актерот Димитар Црцороски рече дека на почетокот малку му бил чуден јазикот во претставата бил премногу архаичен. - Малку бевме обременети на кој начин да ја направиме претставата, дали класично како што се работела во 70-тите години или да имаме модерен пристап. Публиката за тоа ќе даде оцена. За наше најголемо задоволство во претставата има подмладок кој од аматерската сцена, заигра во професионална претстава и многу добро се вклопи, рече Црцороски. Оваа претстава е прва од четирите премиери за годинава. Според директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Тони Чатлески, веќе следната премиера е на 8 мај. - Ова е првата премиера на театарот за годинава од четирите кои ќе ги направиме. Ние решивме со оваа претстава да ја почнеме годинашнава сезона и веруваме е прифатлива за целата публика. Во првиот дел од годинава се две премиери. Втората е на 8 мај, тоа е претставата „Обзрни се во гневот“, а другите две премиерни претстави се во вториот дел од годинава, истакна Чатлески. Сценографијата за претставата „Хамлет од Горно Дупени“ ја направи Зоран Николовски, костимите се на Даниела Настоска, а музиката на Томе Темелкоски. Во претставата играат: Андон Јованоски, Марјан Чакмакоски, Марија Спиркоска-Илијеска, Наташа Наумоска, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски и Михајло Миленкоски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter