ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
2ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Шоу бизПремиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиствоФилмот „'Рѓа“ (Rust) ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Енерга-камеримиџ“ (EnergaCamerimage) во Полска следниот месец - три години откако кинематографката Халина Хачинс беше убиена за време на снимањето. Светската премиера ќе се случи на 23 ноември, проследена со панел-дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така е повреден на снимањето, како и кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил. „Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на уметничката визија на Хачинс беше навистина важно за филмаџиите бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, се вели во најавата. Хачинс (42) беше убиена со пиштол што го користел глумецот и продуцент Алек Болдвин. Во оружјето, наместо лажни куршуми имало вистински куршум. И Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност, но Судот го ослободи од обвиненијата. Хана Гутјерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје на снимањето на филмот, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна од 18 месеци. „'Рѓа“ раскажува за 13-годишно момче, оставено да се грижи за себе и својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг (САД) во 1880-тите. Детето се впушта во бегство со својот отуѓен дедо откако овој е осуден на бесење за случајно убиство - според описот на филмот. Алек Болдвин нема да присуствува на првото прикажување, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter). Вдовецот на Хачинс првично поднесе тужба против Болдвин и другите вклучени во продукцијата на филмот. Сѐ тoa се заврши со спогодба склучена лани, при што не се објавени подробности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурностМакедонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа. Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата. ВЛЕН ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина БутелЕдна година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени. Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта. Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици. А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини. Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЖивотВремето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)Скриено во северна Италија, недалеку од швајцарската граница и езерото Маџоре, селото Куриља кон Монтевијаско се чини дека било „заробено“ во друго време.Сместено во долината Ведаска, во областа Варезе, ова необично планинско гратче нема пат низ кој поминуваат автомобили. До него се стигнува пеш - преку 1.400 камени скали. Ситуацијата се промени во 1989 година. За локалното население, стрмната патека беше главната врска со остатокот од светот со векови. Сепак, ситуацијата значително се промени во 1989 година, кога беше изградена жичарница што го поврзуваше селото со долината. Сепак, по сериозна несреќа, жичарницата престана да работи во 2018 година, објавува Дневни аваз. Монтевијаско потоа беше практично „отсечен од светот“ речиси седум години, а до селото главно се стигнуваше пеш. Зачуван е автентичниот изглед Жичарницата повторно се отвори во 2025 година, што повторно им овозможи на жителите и посетителите многу полесен пристап до селото. Денес, во Монтевиаско живеат само околу десетина луѓе, додека историскиот комплекс го зачувал својот автентичен изглед. Камени куќи, дрвени балкони, тесни улички и традиционални камени покриви му даваат на селото изглед што е тешко да се најде во модерна Европа. На крајот од големото скалиште се наоѓа светилиштето на Мадона дела Серта. Сите посетители имаат избор Иако искачувањето од 1.400 скали е физички напорно, токму поради оваа причина Монтевиаско привлекува ентузијасти за планинарење и туристи кои сакаат да видат едно од најнеобичните села во Италија. Денес, посетителите имаат избор - можат да се качат на старата камена патека и да се искачат речиси 1.400 скали или да ја користат жичарницата што стигнува до селото од Понте ди Пјеро за неколку минути. Монтевиаско сè уште го зачувува она што го прави посебен - неговата изолација, камената архитектура и чувството дека влегувањето во селото ве враќа неколку векови назад.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07