Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
1Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
2Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите
КултураПремиера на документарецот „Сведоци (Канада)“Во Кинотеката на Македонија денеска премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Сведоци (Канада)“, по сценарио и во режија на Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.Вториот дел од долгометражниот документарен филм „Сведоци“ е автентично сведоштво за тешката судбина и личната драма на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција, кои својот живот го продолжиле во Канада. - Во овој филм се забележани искажувањата на 93 соговорници, Македонци со потекло од Егејска Македонија, кои беа прогонети, дискриминирани и репресирани поради сопствениот македонски, етнички, јазичен и културен идентитет. Ова е нивната приказна, нивната животна историја која ни ја открива вистината и голгота со која се соочуваа децата- бегалци во почетокот на 20-тиот век, истакна пред промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа додаде дека проектот „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“ е исклучително значаен, од програмата на Владата и Министерството за култура. Проектот почна во 2010 година и во неговата реализација беа вклучени бројни историчари и други стручни лица од Институтот за национална историја, Сојузот на Македонците по потекло од Егејот - „Македон“, Сојузот на здруженија на децата прогонети од Егејска Македонија - „Незаборав“ и Сојузот на стопанските комори. Во изминатиот период, како што рече Канческа-Милевска, документирани се и архивирани 650 животни приказни на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција, како и на преживеаните учесници, кои денеска живеат во Македонија, Канада и во Австралија. Првиот дел од трилогијата содржи 427 интервјуа реализирани во повеќе градови во Македонија и беше прикажан пред македонската јавност во 2012 година. До крајот на годината се очекува да се заврши третиот сегмент кој ќе ги содржи 128-те потресни приказни на Македонците кои денес живеат во Австралија, снимени во текот на 2013 година. До 2016 година ќе се реализираат и интервјуа со децата бегалци од САД, Чешка, Полска, Албанија и други земји од Европа. - Сите овие искажувања, обемната документација што ja обезбедивме и што нашите соговорници ни ја подарија, наскоро ќе бидат презентирани и во постојаната историска поставка посветена на децата бегалци од Егејска Македонија, која ќе биде дел од Музејот на Македонија, рече Канческа-Милевска. Директорката на Кинотеката на Македонија Мими Ѓоргоска-Илиевска истакна дека проектот има за цел да се зачува културното и историското наследство од Егејска Македонија, поточно на протераните Македонци за време на Граѓанската војна во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“. „Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп. Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание. „Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој. NEW: President Trump has one final message for voters as they head to the polls: "We have to keep America great." Speaking on @foxandfriends, Trump says the U.S. has gone from being what he calls a "laughingstock" to the "hottest country in the world." "They thought we were fools. And we're hot now. We're the hottest country in the world where respected by everybody." Stay with Fox News Channel for the latest on the midterms. — Fox News (@FoxNews) November 3, 2026 Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВелковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банкаМинистерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00