Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш
1Почивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на Радовиш
3Федералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење доверба
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураПремиера на „Бар-Ремарк“ на „Охридско лето“Народниот театар од Битола вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ќе ја изведе својата најнова претстава „Бар-Ремарк“, поставка на рускиот режисер Александар Баргман, работена според делото „Тројцата воени другари“ на Ерих Марија Ремарк.Најавувајќи ја премиерата, директорот на Битолскиот театар Валентин Светозарев, кој е и сценограф на претставата, изрази задоволство што куќата продолжува да остварува конекција со многу познати режисерски имиња ширум светот. - Тоа е нешто што треба да се испроба. Едно е да се седи на маса и да се разговара за соработка, друго е да се направи претстава. За огромна среќа, последниве години се појавија неколку пријатели на нашиот театар кои ги поклопија своите уметнички резонанси со Битолскиот театар и направија поставки што ги одбележаа изминатите 10 години како претстави со исклучително висок уметнички квалитет, но и со нова поинаква естетика од она што дотогаш сме го работеле, рече Светозарев. Тој укажа огромен респект кон режисерот Баргман, кој има свој театар, кој активно работи десетина години, а соработува и членувал во најпознатите театарски куќи во Русија. Самата претстава „Бар-Ремарк“ претставува драматуршка обработка на „Тројцата воени другари“, исклучително интересен театарски производ, најавуван како големо уметничко дело со, како што беше речено, швајцарски усогласени театарски сегменти. Режисерот Баргман кој во Охрид има настапувано како актер во повеќе претстави на гостувања со руски театри, но и како режисер на претставата „Паника“, исто така изведувана на „Охридско лето“, за ова негово последно остварување рече дека е плод на исклучителна соработка со Народниот театар од Битола. За тематскиот избор да се работи Ремарк, тој рече дека најмногу за тоа е виновна денешницата, која е таква што војните и кризите како никогаш да не завршуваат. - Ремарк во својот роман опишува судбини на слаби, изгубени луѓе, време на првата половина на 20. век во која се чини дека човекот е навистина изгубен. Тоа е време кога на светот му требаше толпа со која може да се владее. Но, и покрај пеколот околу себе, Ремарк преку своите ликови секогаш наоѓа сила повторно да се роди, да воскресне, повторно да превладеат чувствата. Понекогаш тоа успева, некогаш не, но самата желба да се пие животот заслужува восхит. Се чини дека и самата тема и погодува на Македонија која како постојано да се наоѓа во тревожна состојба, а и самите актери тоа одлично го разбираат, рече Баргман. Што се однесува на процесот на разработка на претставата со актерите од Битолскиот театар, режисерот едноставно рече дека ја имаат страста во себе, желбата не само театарски да се пренесе улогата туку и да се чувствува. Огнен Дранговски кој веќе соработувал со Баргман толкувајќи ја главната улога на „Иванов“ во истоимената претстава, повторно игра во доста комлицирана претстава што обработува, исто толку комплицирана тема. - Го толкувам Роберт Локам, ликот низ кој се претставува ова дело. Наијтересното во оваа претстава е индикацијата на режисерот да не го играм Роберт Локам туку Огнен Роберт Ремарк, неговото инсистирање да не излегуваме далеку од нас, да не правиме преголема дистанца од нас, но сепак да се споиме со ликовите кои ги играме. Претставата врви низ време во кое се менува сопствениот став и на самиот Ремарк и на ликот кој го играм, и мојот личен став, рече Дранговски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаПочивалец: Инвестираме во инфраструктурата, ги поддржуваме младите и создаваме услови за економски развој на РадовишДенес презентирам отчет за реализираните активности, проектите, преземените мерки и иницијативите што беа спроведени во изминатиот период, како и за дел од проектите кои се во тек на реализација.Работата на локалната самоуправа ја насочувме кон подобрување на условите за живеење, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги, поддршка на младите, образованието, културата, спортот, животната средина и создавање услови за локален економски развој. Посебно внимание посветивме на воспоставување соработка со граѓаните, институциите, јавните претпријатија, невладиниот сектор, спортските клубови, културните организации и меѓународните партнери. Во областа на инфраструктурата беа реализирани и започнати повеќе значајни активности: Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места; заврши реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш, изградбата на Градскиот пазар влезе во завршна фаза, реконструкцијата на објектот на Стоковната куќа во мултифункционален простор влезе во завршна фаза. Реконструкцијата на Домот на културата „Ацо Караманов е исто така во завршна фаза, реконструкција на градски стадион. Обезбедени се средства за решавање на имотно-правните работи за ГП на градски базент. Во тек е промена на проект за фекална канализација Карши Маале, изработка на основни проекти за изградба на кружна крстоскица на бул. А.Македонски, како и изработен проект за батерии за складирање на електрична енергија. Набавка на урбана опрема за изградба на нови дески игралишта и реконструкција на сите постојни во соработка со рудник за бакар „Бучим“, во тек е воведување на ГИС систем за општината. Поддршката на младите и образованието беше една од приоритетните области. Во овој сегмент: беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници. Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш. Во областа на културата беа реализирани и поддржани бројни манифестации, настани и активности. Општината даде поддршка на културните организации, невладиниот сектор, фолклорните друштва и здруженијата кои придонесуваат за културниот живот. Беа одржани сите традиционални фолклорни фестивали, повторно го обновивме Детскиот карневал и одржавме нова манифестација „Радовишки вински двор“. Во областа на спортот беа реализирани и поддржани повеќе активности. Покрај традиционалните турнири и спортски настани, градот беше домаќин на педесетото јубилејно издание на „Македонски Бисер“. Еден од најзначајните предизвици во областа на животната средина беше проблемот со градската депонија. Поради повеќекратното палење на депонијата, беше создадена сериозна опасност по квалитетот на воздухот и здравјето на граѓаните. Општината презеде активности за справување со состојбата. За ЈП „Плаваја“ обезбедени се три специјални возила за собирање на отпад. Општината учествуваше и во активности поврзани со регионалното управување со отпадот. Во областа на локалниот економски развој беа преземени активности за создавање услови за нови инвестиции и отворање на нови можности за стопанството. Во тек е постапка поврзана со пренамена на ТИРЗ зоната во индустриска зона со цел нивно ставање во функција. Во областа на безбедноста и заштитата на граѓаните беа преземени активности за подобрување на условите за работа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. За ТППЕ Радовиш беше обезбедена нова опрема. Професионални дрегери, теренско возило Фолксваген. Противпожарно возило комплет опремено со опрема за гасење пожари, справување со поплави и сообраќајни несреќи. РТЦ машинка за сообраќајни несреќи. Почитувани, Нашата обврска не е само да создадеме подобар Радовиш денес. Наша обврска е да создадеме Радовиш кој ќе биде подобро место за живеење и за идните генерации. Луѓето се важни. Тие се душата на еден град и на една општина. Можеме да изградиме најубава улица, најмодерен објект и најубав парк. Но ако човекот не се чувствува вреднуван, слушнат и поддржан – тогаш сме ја промашиле суштината и тоа е вистината. Затоа нашата цел е Општината да биде поблиску до граѓаните. Отворена за соработка. Отворена за идеи. Отворена за проблемите на секој наш жител. Токму во таа насока сум особено задоволен од огромниот интерес за субвенцијата за млади до 35 години, со која ги ослободуваме од плаќање на комуналии при изградба на нов дом. Затоа што сакаме младите да останат тука. Да градат тука. Да создаваат семејство тука. Да ја градат својата иднина во Радовиш. Љупче Почивалец, градоначалник на Општина РадовишТагови: Љупче Почивалец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаОпштина Бутел: Финансиска поддршка во износ од 4 милиони денари за спортските клубовиОпштина Бутел додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови. Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали. Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаФедералниот судија Пол Бајрон во посета на Уставниот суд: Транспарентноста е една од најмоќните алатки за градење довербаПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со Пол Бајрон, судија во Федералниот окружен суд на САД за Средниот округ на Флорида (U.S. District Court for the Middle District of Florida), кој денеска го посети УставниотПо средбата со претседателот Костадиновски, судијата Бајрон оствари средба и со сите судии на Уставниот суд, на која се разговараше за актуелни прашања и предизвици со кои се соочува уставното судство, како и за улогата на судовите во заштитата на уставноста и човековите права и градењето доверба кај граѓаните. Претседателот Костадиновски го информираше судијата Бајрон за процесот на унапредување на транспарентноста на Уставниот суд, особено за воведувањето директни преноси на седниците на Судот, со што граѓаните имаат можност непосредно да ја следат работата, дискусиите и аргументите на судиите. Костадиновски посочи дека довербата во судството не може да се разгледува како одговорност единствено на судската власт. „Овој состав на Уставниот суд, почнувајќи од 1 септември 2024 година, направи сериозни реформи во функционирањето на Судот, со посебен фокус на транспарентноста и ефикасноста на постапките. Довербата се гради со храбри и бескомпромисни одлуки, отвореност, но за довербата во судството не може да биде одговорно само судството. Многу пати во мои јавни излагања сум го посочил овој факт, одговорноста мора да ја споделуваат власти. Ако судството има 2% доверба и тоа е состојба што трае со децении, каде биле тогаш останатите две власти? На годишен одмор? Така што, не би се согласил дека има ниска доверба во судството, тоа е пресликано кон целиот државен апарат и за тоа се потребни револуционерни решенија и храброст“, истакна претседателот Костадиновски. На средбата беа разменети искуства и за притисоците со кои се соочуваат судиите во различни демократски системи. Судијата Бајрон го поздрави воведувањето на директните преноси на седниците на Уставниот суд, оценувајќи ја транспарентноста како една од клучните алатки за градење доверба кај јавноста. „Една од најмоќните алатки е транспарентноста, како одговор на сите напади и притисоци. Да бидеме јасни и подготвени на јавноста да ѝ објасниме што сме одлучиле. Со емитувањето во живо на дискусиите имате одлична алатка во рацете , на граѓаните да им покажете колку сте подготвени за седниците и да имате јасни и добро аргументирани образложенија. На тој начин граѓаните можат директно да ве видат и слушнат и да разберат за што се залагате. Нема поголема придобивка од довербата на граѓаните“, истакна Бајрон. На средбите во Уставниот суд присуствуваа сите судии на Уставниот суд, како и претставници на Амбасадата на САД- Стив Мајгрант, федерален обвинител од Портланд, Орегон, и Каролајн Баденхаген, директорка на Канцеларијата за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL) во Амбасадата на САД. Судијата Пол Бајрон е федерален окружен судија во Средниот округ на Флорида, со седиште во Орландо. Во 2001 година, бил избран да работи како обвинител во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, работел во Министерството за правда во Меѓународниот оддел на Единицата за одземање имот и перење пари, како експерт за банкарски надзор и спречување на финансирање тероризам. Во 2005 година, судијата Бајрон станал партнер во адвокатска канцеларија специјализирана за спорови поврзани со одговорност за производи и штети предизвикани од изложеност на токсични материи.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter