Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
1Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
КултураПремиера на „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски во Белград На сцената „Љуба Тадиќ“ во Југословенскиот драмски театар (ЈДП) во Белград вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски. Драматургијата е на Русомир Богдановски, а композитор е Златко Ориѓански.Со „Ајнштајновите соништа“ на Унковски ЈДП ја отвара сезоната. Претставата е базирана на романот на Ален Лајтмен, американски физичар и писател, кој се занимава со различни аспекти на времето и кој ќе присуствува на премиерата на преставата. Претставата го следи познатиот научник на имагинарно патување со брод од Европа до Америка, каде што со неговите спомени бега од фашизмот. - Сакав да работам на овој текст уште во 1990-тите, веднаш штом се појави. Со Русомир Богдановски ја развивме комплетно драматизацијата по дозвола од Лајтмен за да можеме да ја користиме неговата новела на начин што нам ни одговара. Проектот е возбудлив, но исто така и неизвесен, различен од се досега, изјави Унковски. Според него, претставата е дел од светскиот тренд - поврзување на уметноста со науката. - Таа е и возбудлива приказна за животот и за љубовта. Трагикомедија на еден поинаков начин, рече Унковски. Некои од најуспешните претстави на Југословенскиот драмски театар се на Слободан Унковски. Тој ги режираше „Хрватскиот Фауст“ и „Буре барут“. Костимите во претставата се на Лана Цвијановиќ, а сценското движење на Димитрос Сотирију. Актери се Радован Вујовиќ, Анита Манчиќ, Бранко Цвејиќ, Наташа Тапушковиќ, Марија Вичковиќ, Милена Живановиќ, Вучиќ Перовиќ и други. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамОфицијално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избранитеИлон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс. Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика. Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили. Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот. Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и наградиСиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter