Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија
2Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија
3Дали Бугарија, но и ЕУ ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво за разликите со Софија?
ФудбалПремиер лига – само еден натпревар на „Боксинг деј“Љубителите на англискиот фудбал и Премиер лигата оваа година ќе без фудбалското задоволство на „Боксинг деј“ (ден по католички Божик) бидејќи на 26.декември се игра само еден натпревар што не се случило со децении наназад.Овој ден има долга традиција во англискиот фудбал и посебен идентитет. Последен пат кога „Боксинг деј“ се падна во петок на 26.декември 2014 година беа одиграни сите десет натпревари. ФА внимаваа и најчесто играа натпревари екипи од ист град или со куси дестинации за патувања. Главната причина за годинашнава ситуација се поголемиот број натпревари во натпреварувањата на УЕФА и промените во календарот на ФА купот (има еден викенд повеќе). Проблем е и договорот со ТВ правата каде најмалку 33 кола треба да се играат во викендите. Единствениот натпревар од 18.коло што ќе се игра вечерва е дуелот Манчестер Јунајтед – Њукасл./МИАТагови: Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче Платформата 12.05 која бара оставка на раководството на СДСМ и формирање на широк опозициски фронт, денеска во Скопје ја одржува втората дебата, овој пат на тема „35 години независност“.. Венко Филипче и актуелното раководство со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство, изјави Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, која денеска одржа нова средба насловена „Што по 35 години?“. И покрај одбивањето на Филипче да поднесе оставка од претседателската позиција на СДСМ , од платформата чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, не се откажуваат од нивните намери за конкретни чекори за смени на раководството во партијата и, како што велат, пораз на оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ. Планот за консолидација и структурни промени, за кои како што кажа Ивановски, многупати реагирале во партијата, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата. „Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса макар на крајот да со своите постапки помогне да во овој момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Низ една нормална, демократска постапка, процедури, членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно. Во ваква состојба како што е сега, во овие изминати 2 и пол години како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика којашто во основа е бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Таа група е најдобра инвестиција на власта во државата.“, изјави Игор Ивановски. На денешната втора дебата на Платформата учествуваа и Амар Мециновиќ од Левица и Мирослав Јовановиќ, лидерот на Српска странка во Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, јавниот живот и различни општествени чинители. Од Левица велат ќе дадат шанса на оваа иницијатива за опозициско окрупнување и промени, иако остануваат на своите идеолошки и партиски позиции. „СДСМ триесет години се претставува како некаков антипод на ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека неказнивоста помеѓу овие две партии е единственото универзално правило кое ние го имаме во Македонија. Левица е парламентарна партија со јасни позиции кои ќе ги застапи на овие разговори и ние иамме одговорност да рзговараме со сите опозициски елементи во општетството за потенцијално мобилизирање на одговор против Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“, изјави Амар Мециновиќ. Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата, кои ги нарече платеници на власта, но е подготвен за средба со нив. Според него намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и оцени дека станувало збор за пуч во СДСМ, а тој, како што кажа, имал легитимен мандат да ја води партијата. Од платформата во 12 и 05, пак, тврдат дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската УнијаНапредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија.Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц, во обраќањето на Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“.. Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали Бугарија, но и ЕУ ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво за разликите со Софија?Македонскиот премиер имаше обраќање на генералната дебата на 81. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, од која порача дека процесот на евро-интеграција трае надвор од секој разумен временски рок.Дали соседна Бугарија но и Европската Унија ќе го прифатат македонскиот предлог за европско посредништво во надминувањето на разликите со Софија? Според поранешниот македонски амбасадор во САД – Васко Наумовски, стабилните влади во двете соседни држави го имаат легитимитетот за ваква можност а европското посредништво ќе ги избалансира нееднаквите позиции на двете држави од кои едната е полноправна членка на Унијата а другата е се уште со кандидатски статус. „Би било доста интересно да видиме како ЕУ ќе се одлучи да влезе во една таква улога на посредништво и дали и двете страни ќе го прифатат тоа посредништво во една добра волја. Затоа што доколку не постои волја кај барем една од страните, ние да имаме и десет посредници нема да успееме да го затвориме овој спор.“ Волјата кај Бугарија и брзиот одговор од ЕУ се клучни во овој македонски предлог кој заслужува внимание – оценува поранешниот македонски амбасадор во Германија – Ѓорѓи Филипов. „Може многу да придонесе доколку навистина се има желба. А јас навистина не гледам зошто не. // Добро е што е направен тој потег, да го почекаме одговорот но да бидеме подготвени дека во дипломатијата, поготово доколку не се знае вистинската пречка, сите мислат дека има нешто позадинско што го спречува патот кон ЕУ. Која е пак сега таа пречка?„ Бараме од нашите граѓани да веруваат во добрососедски односи, компромиси и во меѓусебно почитување, но тоа често се покажува како еднонасочна улица на неопределено време - рече премиерот Христијан Мицкоски пред светските лидери од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации. „Не можеме да им кажеме на луѓето да им веруваат на правилата кога тие можат да видат дека правилата не важат подеднакво. Не можеме да ги убедиме дека компромисот е доблест ако секој компромис произведува ново барање. И не можеме да очекуваме доверба во меѓународните институции, ако граѓаните почнат да веруваат дека нивната судбина е почесто создадена од политичката тежина на нивната држава отколку од силата на договорениот принцип.“ Додека Бугарија не одговори конкретно на македонската иницијатива, одговорот од ЕУ се очекува за време на посетата на шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен во Скопје овој петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05