ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ
МакедонијаСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина На почетокот на рочиштето, обвинетиот за сериски убиства во Старо нагоричане не го потврди сопствениот идентитет.Но, по кратка пазуа судењето продолжи. 25 годишниот Трајче Бојковски не призна вина, судењето продолжува со рочиште на 31 08.Со вперен поглед нагоре, кон ѕидот осомничениот Трајче Бојковски го стартуваше судскиот процес против него, за според обвинението 4 убиства и два обиди за убиства, во главно врз возрасни и немоќни жени, кои живееле сами. Кога судијата го прозва да ги потврди личните податоци Бојковски гледаше кон светлата во ѕидот и не говоше ништо, туку на моменти се смешкаше кон невклучените сијалици. По 10 ти минути и неколку обиди на судијата, обвинетиот да го потврди сопственото име, даде кратка пауза за да се одлучи дали судењето може да продолжи. Главно обвинетиот Бојковски не го потврди сопственото име, по што судијата побара време, за да одлучи дали може да го продолжи рочиштето. Инаку, серискиот убиец Бојковски со полициска придружба и лисици на рацете беше донесен во Обвинителството во Куманово. Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово. Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.Тагови: СВР Куманово серискиот убиец од Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПланиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена женаРуската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби. Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“. Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал. Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност. СДС зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДС и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии. Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи. Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства таму каде што се најпотребни и одговорно управува со јавните финансии. Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус. Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници. Заврши времето на СДС и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДС и ДУИ. СДС да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите. Граѓаните добро знаат дека СДС и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДС треба да понуди аргументи и да преземе одговорност за сопствените погрешни политики. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЏаред Батлер уште една година во Црвена ѕвездаАмериканецот Џаред Батлер го продолжи својот актуелен договор со КК Црвена ѕвезда за уште една сезона, што значи дека ќе биде под договор со „црвено-белите“ и за сезоната 2027/2028.Американскиот бек пристигна во Звезда на 23 октомври 2025 година како поранешен играч на Феникс и Филаделфија. Во својата прва сезона во Црвена ѕвезда, Џаред Батлер се етаблираше како еден од најдобрите играчи на надворешните позиции во Евролигата – со просек од 14 поени, 4 асистенции и 2 скока – како и еден од најважните играчи на „црвено-белите“. Клубот денеска ја извести јавноста дека соработката со американскиот бек е продолжена до сезоната 2027/28. Батлер на тој начин ќе биде исклучително важен дел од црвено-белиот тим во следната сезона во која новиот тренер Ибон Наваро ќе седи на клупата. Како што е наведено во соопштението, „Спортскиот оддел на КК Црвена звезда вложи големи напори да го задржи играчот кој имаше и ќе има исклучително важна улога во тимот“. Во текот на овој преоден рок, Балтер имаше бројни и исклучително профитабилни финансиски понуди од клубови од НБА и Евролигата, поради сè што покажа откако пристигна во Црвена Звезда - но тој одлучи да продолжи да го носи црвено-белиот дрес.Тагови: Евролигата Црвена ѕвезда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43