Прекинато снабдувањето на Чешка со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ - Канал 5

Прекинато снабдувањето на Чешка со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“

Портпаролката на компанијата изјави дека се истражуваат причините за прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“ (Пријателство), пренесе Меѓународното радио Прага.

Прекинато снабдувањето на Чешка со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“

Снабдувањето на Чешка со нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“ денеска беше прекинато од непознати причини, но снабдувањето на земјата со тој енергенс не е загрозено, бидејќи нафтата продолжува да пристигнува од запад, соопшти чешкиот оператор на нафтоводот, компанијата „Меро“.

Портпаролката на компанијата изјави дека се истражуваат причините за прекинот на испораките преку нафтоводот „Дружба“ (Пријателство), пренесе Меѓународното радио Прага.

Минатата година Чешка преку тој нафтовод примила вкупно 58 отсто од нафтата што ја користела. Остатокот е набавен преку нафтоводот Инголштад-Кралупи на Влтава-Литвинов, кој е поврзан со Трансалпскиот нафтовод (ТАЛ), кој започнува во Трст.

Чешкиот министер за индустрија Лукас Вичек исто така на платформата Икс потврди дека „во моментов не тече нафта низ нафтоводот на компанијата“, но не наведе причини.

„Се чини дека донесовме добра одлука да инвестираме во зајакнување на ТАЛ, преку кој испораките се стабилни“, рече Вичек и додаде дека нема опасност компаниите и домаќинствата да останат без нафта. Чешка моментално инвестира во продолжување на нафтоводот ТАЛ преку кој ќе добива нафта преку пристаништето во Трст.

„Рафинериите во Чешка се добро подготвени за ваква ситуација и имаме стабилни државни залихи“, напиша Вичек.

Сепак, тој додаде дека Владата ќе реагира превентивно и дека веќе денеска ќе предложи да и се дозволат заеми на нафта од државните стоковни резерви на петрохемиската компанија Унипетрол, во северниот чешки град Литвинов, кои ќе бидат искористени доколку снабдувањето со руска нафта не биде продолжено./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинава

Се помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето.

Пад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинава

Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава.

Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои..

--Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК.

Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар..

-Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК.

И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности.

Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер