ЖивотПрекината наставата во 22 мексикански градови по серијата силни ерупции на вулканот Попокатапет Властите во Мексико ја прекинаа наставата за над 100.000 ученици од училиштата во 22 градови во непосредна близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови.Британските медиуми пренесуваат дела наставата е прекината во јавните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно малите, но силни ерупции што доведоа до расфрлање пепел. Учениците привремено ќе ја следат наставата онлајн бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението. Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено. Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик. Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико. Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони лица живеат во зона од 100 километри од кратерот на вулканот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар се шири во близина на Улцињ: Објектите се загрозени (ВИДЕО)Пожарот на локалитетот Гач кај Владимир во општина Улцињ се прошири во текот на денот, загрозувајќи одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето.Дирекцијата за заштита и спасување е информирана дека пожар на локалитетот Гач во градот Владимир, во општина Улцињ, се проширил во текот на денот. Пожарот во моментов се заканува на одредени објекти и маслинови насади, додека силните ветрови го отежнуваат гаснењето и го фаворизираат ширењето на пожарот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. Припадници на Службата за заштита и спасување на општина Улцињ, имено пожарникари и спасувачи со расположиви возила, се на местото на настанот. Воздухоплови од Министерството за внатрешни работи се пренасочени кон оваа локација со цел пожарот да се стави под контрола што е можно поскоро. Се очекува да пристигнат и членови на Службата за заштита и спасување на главниот град Подгорица за да пружат помош на местото на пожарот. Министерството за внатрешни работи продолжува да ја следи состојбата на терен преку Оперативно-комуникацискиот центар 112 и им дава поддршка на надлежните служби. Како што е наведено, Министерството за внатрешни работи ги координира и активностите за ангажирање на расположливи воздухоплови, во согласност со потребите на терен. View this post on Instagram A post shared by Radio i televizija Crne Gore (RTCG) (@rtcg_me) Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски се сретна со Мат Киатипис кој деновиве престојува во СкопјеЗад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени.„Денеска имав задоволство да се сретнам со Мат Киатипис, едно од најпрепознатливите имиња на глобалната 1-на-1 кошаркарска сцена, кој деновиве престојува во Скопје. Зад неговата посета стои и една посебна лична приказна. Мат има македонски корени од страната на неговата мајка, а оваа посета е можност одблиску да ја запознае земјата од која потекнува дел од неговото семејство. Разговаравме за спортот како мост меѓу луѓето, за моќта на новите дигитални платформи, но и за значењето на одржувањето на врската со новите генерации Македонци ширум светот. Корените поврзуваат, без разлика каде сме родени и каде живееме. Welcome Matt [🇲🇰] [🏀]“- стои во објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски Тагови: Мат Киатипис Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинение за Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“Една недела пред истекот на крајниот рок за притворот на Артан Груби, Обвинителството поднесе обвинение против него и против уште седум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“. Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор. Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот. И покрај тоа, во 2023 година била започната постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари. Информацијата стигнала до генералниот секретар на Владата, кој ја ставил како дополнителна точка на дневен ред, иако, според обвинителството, требало да ја упати до надлежниот орган. Со тоа, според обвинението, бил заобиколен пропишаниот начин на одлучување и била отворена патеката за набавката, со која според обвинителството, на Државна лотарија и била нанесена штета од околу 8,2 милиони евра. -Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво. – соопштија од Обвинителството За останатите шестмина обвинети, Обвинителството бара мерки на претпазливост, јавување во Судот, одсемање на патните исправи и забрана за приближување и воспоставување конракти со определени лица. Инаку, Артан Груби беше недостапен за органите на прогонот од декември 2024 година, кога ја напушти земјава и по него беше распишана меѓународна потерница. По повеќе од 14 месеци бегство, на 23 февруари годинава се врати во Македонија преку Блаце и беше приведен. Иако претходно му беше определен притвор во отсуство, по враќањето мерката му беше заменета со куќен притвор, со 24-часовен полициски надзор, поради проценка дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook