Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураПрекинат Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби"Во амфитеатарот во Стоби овој јули, прекината е 17-годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби".По три години преместување на сцената на затворено во велешкиот театар, ланското лето овој фестивал повторно беше вратен на отворената древна сцена во Стоби на радост на бројната повеќеилјадна публика. Но за жал оваа година нема да се одржи. Градоначалникот Аце Коцевски вели дека причина е што Министерството за култура на Велешкиот театар не му одобрило финансиски средства за премиерна традиционална претстава во Стоби. Воедно потсети и дека Фестивалот од Министерството за култура не беше поддржан при годинашната буџетска распределбата на средства за културни манифестации. – Ние со нашиот скромен буџет не можевме да ги покриеме трошоците за покривање на Фестивалот, појасни Коцевски. Министерот за култура Хусни Исмаили на новинарско прашање при неговата посета во Стоби на 12 јули годинава, дали Министерството за култура би издвоило средства за одржување на барем една претстава, појасни дека тие финансиски би ја поддржале, но само ако се исполнат безбедносните услови во амфитеатарот, за што тој бил информиран од директорот на НУ Стоби. Во писменото известување за медиумите од НУ Стоби, при посетата на премиерот Зоран Заев во Стоби на 12 јули годинава информирајќи за тековните активности во Стоби, тие воедно појаснија дека стручниот тим и раководителот на проектот за истражување, конзервација и реставрација на театарот во Стоби, се' на мислење дека театарот не е во состојба да прима публика од безбедносни и морално етички причини. Освен во строго контролирани услови и со ограничен број на посетители, се додека истиот не биде конзерваторско- реставраторски третиран, од страна на стручниот тим. Според нив секој пројавен интерес за користење на театарот е добредојден, но со стручен надзор и пропишани услови од страна на НУ Стоби. Како што појаснува Спасе Перовски, директор на НУ Стоби, во амфитеатарот во Стоби веќе завршиле истражувачките и моментално се извршуваат конзерваторските и реконструкцијата на амфитеатарот. – Може да дојде публика во амфитеатарот во Стоби, но затоа ние како стручен тим на НУ Стоби треба да процениме во колкав број, поради безбедносни причини. Тоа значи дека за разлика од изминатите лета кога имаше повеќеилјадна публика, сега при евентуално одржување на театарска претстава би требало да се намали бројот на публика, а посебно во стариот дел од амфитеатарот. Во новиот реконструиран дел од гледалиштето на амфитеатарот, наскоро треба да бидат поставени и мермените седишта, информира Перовски. Тој потецира дека досега до нив не било доставено ниедно барање за одигрување на театарска претстава. Во амфитеатарот во Стоби ансамблот на велешкиот театар во 1992 година ја одигра првата претстава во Стоби и оттогаш по една секе лето се' до 2001 година, а кога театарските работници заедно со Општина Велес го основаа Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Во изминатите лета на древната сцена велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" кој е основач на фестивалот имаше одиграно 20-тина претстави. Во рамките на фестивалот беа одиграни 80-тина антички претстави со театарски ансамбли од Русија, Украина, Холандија, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Данска, Казахстан, Албанија и од земјава. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter