На видеото се гледаат послените моменти од животот на една прегладнете поларна мечка.
Преслабата поларна мечка која едвај се движи е снимена во близина на Гренланд. Поради тоа што нема мраз мечката не може да застане и да се одмори додека плива и лови. Вака таа целата своја енергија ја троши во водата и прегладница.
Фотографот Пол Никлен, кој ги снимил последните моменти од животот на оваа мечка изјавил дека додека ја снимале мечката целата екипа плачела.
Еден член на екипата сакал да ја нахрани мечката но сватил дека со тоа само ќе ја пролонгира смртта на мечката. Исто така е нелегално да се хранат поларните мечки во Канада.
„Кога научниците велат дека мечките ќе исчезнат, сакам да им покажам на луѓето како тоа изгледа за да сватат дека мораме да превземеме чекори за да го сопреме ова“, изјавил фотографот Пол. Мораме да го намалиме загадувањето на природата, додал тој.