Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ТехнологијаПредупредување за корисниците на Мета очилата: „Гледаме сè, од дневни соби до голи тела“Корисниците на паметните очила Ray-Ban Meta се предупредени дека нивните приватни моменти, снимени на уредот, би можеле да прегледани од страна на човечки рецензенти. Истрагата покажа дека снимките, вклучувајќи и интимни моменти, се користат за обука на вештачка интелигенција, што покренува сериозни проблеми за приватноста. Паметните очила, кои беа создадени во соработка помеѓу Meta и Ray-Ban, станаа популарни кај креаторите на содржини бидејќи на публиката ѝ нудат автентичен поглед во прво лице во нивните активности. Меѓутоа, од самиот почеток тие станаа мета на критика поради можноста за тајно снимање и нарушување на приватноста, особено кога станува збор за луѓе кои несвесно се снимени додека ги вршат секојдневните работи. Според истрагата на шведските весници Svenska Dagbladet и Göteborgs-Posten, личните снимки направени со очилата се споделуваат со човечки рецензенти. Снимките ги прегледуваат работници во Кенија Истрагата покажа дека снимките ги прегледуваат работници од компанијата “Сама” во Кенија за да му помогнат на системот за вештачка интелигенција да научи да прави разлика помеѓу вистински предмети и оние генерирани со вештачка интелигенција. Работниците кои го прават ова добиваат увид во приватниот живот на своите корисници. „На некои од снимките се гледа како некој оди во тоалет или се пресоблекува“, изјавил вработен во „Сама“ за шведските медиуми. „Сфаќате дека следите нечиј приватен живот, но истовремено се очекува од вас само да си ја вршите работата.“ Според извештајот, рецензентите изјавиле дека виделе и многу интимни моменти. „Гледаме сè, од дневни соби до голи тела. „Мета“ складира таква содржина во своите бази на податоци. Луѓето можат да бидат снимени во компромитирачки ситуации без воопшто да знаат што снимаат. Ова се реални луѓе, како вас, како мене“, додадоа тие. Нејасни услови за користење Условите за користење на Meта наведуваат дека корисниците не би требало да снимаат информации и содржини „кои не сакаат вештачката интелигенција да ги користи и складира, како податоци за осетливи теми“. Сепак, се чини дека не постои опција за целосно оневозможување на споделувањето на таква содржина. Иако корисниците се предупредени дека „Meta ќе ги прегледува интеракциите со вештачка интелигенција“, истрагата покажала дека никаде не е наведено колку време ќе се чуваат овие податоци, ниту каде се испраќаат. За оние кои се загрижени за можноста дека некој ги снима, постои апликација Nearby Glasses, која предупредува ако во близина имате активен пар од овие паметни очила. Сепак, апликацијата моментално е достапна само за Android уредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00