МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗдравјеПредолгото спиење може да го зголеми ризикот од мозочен удар Премногу долгото спиење или долго попладневно дремење се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар, покажуваат новите истражувања.Кинеските научници испитувале 31.750 мажи и жени во текот на шест години, со просечна возраст од 62 години, користејќи испитувања и податоци дадени од испитаниците за должината на спиењето. Откриле дека споредено со седумчасовен или осумчасовен сон или лежење во кревет во обид да спијат повеќе од девет часа, ризикот од мозочен удар се зголемил за 23 проценти. Спиењето помалку од шест часа немал ефект врз ризикот од мозочен удар. Студијата објавена во списанието Neurology исто така открила дека попладневните дремки кои траат повеќе од 90 минути се поврзани со 25 проценти поголем ризик од мозочен удар во однос на дремките пократки од 30 минути на ден. А, луѓето кои спиеле повеќе од девет часа на ден и дремат повеќе од 90 минути на ден, имаа 85 проценти поголема веројатност да добијат мозочен удар. Студијата го разгледала и влијанието на пушењето, алкохолот, вежбањето, семејниот живот, индексот на телесната маса и други показатели за здравјето и однесувањето. Не е јасно која е причината за оваа врска, но должината на спиењето е поврзана со зголемени знаци на воспаление, неповолен однос на типовите холестерол во крвта и зголемен обем на половината, сите фактори кои се познати за зголемување на кардиоваскуларните ризици. „Спиењето премногу долго е ризик за мозочен удар“, рече водачот на студијата Др. Ксиаомин Џанг, професор на Медицинскиот факултерт Тонџи во Вухан, Кина. „Одржувањето на соодветна должина на спиењето може да биде ветувачки како метод за примарна превенција од мозочен удар“. Тој исто така вели дека долгите дремки и спиењето исто така можат да укажат на генерално неактивен живот, кој исто така е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар и дека може повеќе спиење да биде поврзано со луѓето кои се болни, со што може да го објасни и зголемениот ризик од мозочен удар. Во набљудуваниот период, 1557 анкетирани лица имале мозочен удар. Од вкупниот број испитаници, осум проценти дремеле повеќе од 90 минути на ден, а 24 проценти спиеле девет или повеќе часови во текот на ноќта. Меѓу луѓето кои спиеле до девет часа на ноќ или дремеле помалку од 90 минути на ден, само еден процент имале мозочен удар. Кај оние што спиеле и дремеле пократко, 0,7 проценти имале мозочен удар за време на студијата. Претходните истражувања покажаа дека дремењето еднаш или двапати неделно во попладневните часови од пет до 60 минути има корисен ефект врз здравјето на срцето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЖивотНедопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓањеНа дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри. Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море. Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег. Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата. „Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај. Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште. Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“. Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство. Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон. Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани. Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал. Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување. „Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит „процвета“крај младата Инес де РамонДевојката на големиот холивудски заводник Бред Пит е вистинска магија – се гледа дека тој „цвета“ покрај неа.Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан. Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан. Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика. За оваа прилика таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота. Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook