Предметот за 13 полицајци обвинети за „Пулс“ оди на главна расправа - Канал 5

Предметот за 13 полицајци обвинети за „Пулс“ оди на главна расправа

Негираа вина 13те полициски службеници кои не постапиле според усвоениот план за акциска контрола во дискотеката Пулс на кобниот 16 март.

Предметот за 13 полицајци обвинети за „Пулс“ оди на главна расправа

Денеска започна судскиот процес во кој им се суди дека како соизвршители сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. На обвинителната клупа се наоѓаат Дејан Салтировски, Ванчо Ѓеоргиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, како и Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски. Станува збор за началници од СВР Штип и ОВР Кочани, помошник началник, главен инспектор за прекуграничен криминал, инспектори за дрога и оружје и полицајци. Според обвинението иако биле присутни кога избил пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

При изготвувањето на акцискиот план проблемот е во тоа што не ги опфатиле сите проверки што се во надлежност на МВР. Претходно на социјалните мрежи биле споделувани информации за настанот што требало да се оджи во кабаре Пулс. Не преземале мерки за откривање и документирање на други кривични дела што се во надлежност на МВР. А тоа е да спречат активирање односно употреба на пиротехнички средства за време на настапот на ДНК. Ниту пак овозможиле безбеден излез на присутните откако почнал да се шири пожарот.

Рече во воведниот збор обвинителката Спасенка Андонова која уверува дека располага со доволно докази за да се потврди обвинението.

Произнесувајќи се за вина сите обвинети тврдеа дека не се виновни и дека направиле се што можеле а било во рамки на нивните законски надлежности. Нивните адвокати бараа да се суди врз основа на факти и докази а не врз основа на емоции. Според нив обвинението е конрадикторно и тврдеа дека сопственикот на Пулс бил должен да се грижи за безбедноста на своите гости за што имал ангажирано и обезбедување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и Украинци

САД, Русија и Украина денес и утре во Абу Даби ќе продолжат со преговорите за ставање крај на војната во Украина, по пауза од повеќе од осум месеци.

Мировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и Украинци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна ги зголеми очекувањата за скоро склучување мировен договор, спомнувајќи претстоен „голем, прекрасен договор“.

Сепак, набљудувачите не очекуваат голем напредок од оваа рунда преговори. САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник – пријателот на Трамп и милијардер Стив Виткоф, кој неодамна го нарече Владимир Путин „хуманитарец“ – како и од зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Последната трилатерална средба се одржа во февруари во Женева, по две претходни средби во Абу Даби.

Европската комисија соопшти дека претставници на Европската унија, исто така, ќе бидат присутни во Абу Даби, иако не беше прецизирано во какво својство ќе учествуваат.

„Секоја суштинска дискусија за европската безбедносна архитектура може да започне дури откако ќе се постигне прекин на огнот во Украина“, изјави вчера претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„И таа мора да се одвива во соодветен формат, кој конкретно ќе ги вклучува сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ“, додаде таа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во Москва изјави дека разговорите продолжуваат во „трилатерален“ формат, со посредство на САД, и дека ЕУ нема да биде на преговарачката маса во Абу Даби.

Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање, Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван американски функционер вчера изјави дека Русија и Украина, во неофицијални разговори, покажуваат одредена подготвеност за компромис во однос на можна размена на територии. Функционерот, кој ги информираше новинарите пред почетокот на разговорите во вторник, наведе дека едно од клучните прашања ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Ова ја вклучува можноста за обезбедување заштита за Киев, по моделот на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана од страна на земјите-членки на НАТО. Досега, Украина и Русија цврсто остануваат на своите територијални барања. Украина бара повлекување на руските сили до меѓународно признатите граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас.

Сепак, американскиот функционер изјави дека, во разговорите зад затворени врати, двете страни покажуваат знаци на подготвеност за компромис. Тој додаде дека постои можност американските претставници, по завршувањето на преговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер