СветПредмалку истече рокот за ултиматум: Автобуси во Лос Анџелес се полнат со приведени (ВИДЕО)Автобусите се полнат со уапсени демонстранти во Лос Анџелес, додека полицијата спроведува улични рации и ги растерува преостанатите демонстранти.Мајкл Јошида од Си-Ен-Ен, известувајќи од центарот на Лос Анџелес, опиша како видел полиција како формира линија и се движи кон групата демонстранти, која се разредувала откако протестирала цел ден во близина на притворниот центар во градот. 🚨 JUST IN: LAPD have now brought in buses to conduct MASS ARRESTS as riots continue These scumbags are FINALLY being held accountable. THIS SHOULD’VE BEEN DONE DAYS AGO! 🎥 @IRT_Media pic.twitter.com/f2x0HRX3K1 — Nick Sortor (@nicksortor) June 10, 2025 Полицајците им дале на демонстрантите „ултиматум дека мора да се растераат, дека е време да си одат дома или ризикуваат апсење“, рече Јошида. Тој додаде дека „се чини дека стигнале до точка каде што е дадена наредба за приведување“. „Пред неколку моменти видов полн автобус на полицијата во Лос Анџелес, полн со луѓе со врзани раце зад грб. Ги одведоа. Имаме уште еден автобус по улицата кој исто така почнува да се полни“, додаде Јошида. ● Demonstrators and rioters who refused to comply with the dispersal order issued earlier in downtown by the LAPD have been arrested and are now being loaded onto buses, likely for transport to the Los Angeles County Jail. #LaCasaDeLosFamososCol #LosAngeles #California #Trump… pic.twitter.com/Kvp3i11z0r — World War 3 (@ww3view) June 10, 2025 На социјалните мрежи се појавија и видеа од полицијата како ги товари уапсените демонстранти во автобуси. За потсетување, судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжија во Лос Анџелес, при што полицијата користеше гумени куршуми за да ја растера толпата откако демонстрантите почнаа да фрлаат предмети кон нив, јавува Си-Ен-Ен. Демонстрациите низ САД против Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) кулминираа во населбата Литл Токио во Лос Анџелес, каде што десетици демонстранти протестираа во близина на трговскиот центар „Велер Корт“. Видео емитувано на телевизиската станица KABC го прикажува моментот кога еден од демонстрантите фрли огномет кон полицијата, додека полицијата одговори со фрлање солзавец во толпата, предизвикувајќи експлозија. Полицијата во последните денови постојано предупредуваше дека ќе се употреби „соодветна сила“ против секој демонстрант кој фрла предмети кон нив. Пентагон потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил распоредување на 2.000 војници на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес, како дел од федералниот одговор на протестите предизвикани од рациите за имиграција.Тагови: Лос Анџелес приведени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопругКај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“. Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал. Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист. Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“. Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе. Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook