ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
2ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
СветБритански фотограф е погоден со гумен куршум во Лос Анџелес (ВИДЕО)Британскиот фоторепортер Ник Стерн бил сериозно повреден за време на протестите во Лос Анџелес откако е застрелан од полицијата со гумен куршум.Стерн рече дека куршумот, кој бил долг околу 7,5 см, ја пробил кожата и оставил дупка од приближно два сантиметри во ногата. Во разговор за Би-Би-Си од болничкиот кревет, Стерн рече дека имал отворена рана и дека бил на физикална терапија. „И претходно во мојата кариера сум бил застрелан со гумени куршуми, а потоа добивав болен хематом кој траеше неколку дена. Но, овој пат, што и да ме удри, ми ја прободе кожата“, рече тој. „Стоев среде патот кога ме погодија“ Фотографот со повеќе од 30 години искуство рече дека секогаш се обидува да биде јасно видлив за време на протестите и да носи знаци што го идентификуваат како припадник на медиумите. „Не се кријам зад автомобили или згради - буквално стоев на средина од патот во саботата кога ме погодија“, рече тој. Стерн не знае дали бил цел. „Можеби полицаецот нишанел кон некој што ми бил близок. Не знам. Не можам да кажам“, рече тој. Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес изјави дека не може да коментира за пукањето додека не се поднесе формална жалба, но дека безбедноста на новинарите и граѓаните е „исклучително важна“ за нив. „Демонстрантите ми помогнаа“ Потсетете се дека Стерн претходно изјави за агенцијата ПА дека бил погоден од таканаречен „сунѓерест куршум“ од калибар 14 мм додека полицијата ја растерувала толпата. „На почетокот помислив - дали пукаат вистински куршуми?“, рече тој. „Се појавија некои демонстранти, ми помогнаа и конечно ме однесоа. Тогаш видов крв како ми тече по ногата“. На лице место му помогна лекар, кој го испрати во болница. Стерн веќе е опериран и штом ќе се опорави, вели дека ќе се врати на работа. „Ова е премногу важно за да остане недокументирано“, рече тој.Тагови: куршумот фотографот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат? Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици. Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже. Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото. Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето. Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла. Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот. Извор: Б92Тагови: кочење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банкатаДавор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај. Наскоро повеќе информации. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банкатаБанкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси. Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари. Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката. И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката. Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив. Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси. Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter