Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција
1Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција
3Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот
3Поранешниот шеф на Мосад тврди дека помогнале во спречување на терористички напади на концертите на Тејлор Свифт
МакедонијаПредлогот на Силва и Вархеји за Скопје е добра основаСофија бара гаранции за целосно исполнување на Договорот за добрососедство.За Скопје добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ кое не задира во македонските идентитетски прашања, се предлог решенијата кои вчера ги презентираа шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји. Софија, пак, бара јасни гаранции за нејзините национални интереси и за целосно спроведување на Договорот од 2017 година. Силва и Вархеји вчера беа во дипломатска мисија во Скопје и Софија за да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ и можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија. Како дел од напорите за деблокада на евроинтегративниот пат на земјава, денеска во Скопје пристигнуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија, Словенија и Чешка, Александер Шаленберг, Анже Логар и Јакуб Кулханек. Премиерот Зоран Заев за предлог решенијата на Силва и Вархеји рече дека „имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија". Силва и Вархеји вчера пред премиерот Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на допломатијата Бујар Османи, ги презентираа предлог-решенијата за надминување на проблемот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кои имаат за цел да гo деблокираат отворањето на преговорите на земјата со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција. – Министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји донесоа предлог решение чија цел е надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Јас, со тимот во Владата задолжен за овие преговори, пред сѐ со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, сериозно и одговорно ќе ги разгледаме сите детали од предложеното решение. Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија. За нас, особено важно е што со ова предлог-решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија, изјави Заев по состанокот со Силва и Вархеји. Тој смета дека е вистинскиот момент да се оди чекор понатаму, и час поскоро да се постигне договор во интерес на заедничката европска иднина, а тоа како што наведе, „го очекуваат и го бараат граѓаните на двете земји, го очекуваат Европејците, тоа а си го должиме себеси, тоа му го должиме на народот". Заев им се заблагодари на Силва и Вархеји за ангажманот да им помогнат на Скопје и Софија да се реши проблемот. – Ја имаме добрата волја, внимателни сме и имаме разбирање за нашите соседи, ги имаме нашите јасни идентитетски македонски позиции за кои не преговараме, а за кои Брисел покажа разбирање, и се надевам дека со ист таков пристап ќе се сретнеме со Софија за доброто на двата народа и за заедничката иднина на двете земји како соседи и пријатели, како членки на НАТО и како идни партнери и членки на ЕУ, истакна Зеав. На средбата на претседателот Стево Пендаровски со Силва и Вархеји, било потенцирано дека е од исклучителна важност скорешното одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ. На средбата се разговараше за можностите за напредок на С Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на ЕУ следниот месец. Пендаровски и Силва разменија информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија, соопшти кабинетот на шефот на државата. Шефот на португалската дипломатија, пак, рече дека целта е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ. -Навистина е мошне важно да се разговара лице в лице особено за вакви работи. Тоа се важни и клучни средби за дипломатската работа. Имавме навистина плодна работна средба и таа ни даде увид во позициите во интересите и во ставовите на Македонија, а сметаме дека тоа ќе ни помогне во нашата работа со претседателствувањето, рече Силва во Скопје. Според него, проширувањето како процес е навистина важен не само за земјите-кандидати, туку и за целата Европа затоа што токму тоа ќе ни овозможи безбеден, стабилен и просперитетен регион. -Во тек е како што знаете португалското претседателство со ЕУ, и еден од на најважните процеси којшто е приоритетен за нас, секако е проширувањето. Тоа е навистина битно прашање за нас и во моментов имаме два тековни процеси и сме во очекување да ги одржиме првите меѓувладини конференции со С Македонија и Албанија, рече Силва. Силва истакна оти очекува извесно унапредување и, како што рече, се надева дека ќе се успее да се подобри преговарачката рамка која што се однесува на Северна Македонија и на Албанија. -Секако нашата цел во текот на нашето претседателство со Советот на ЕУ е да добиеме согласност од сите земји членки на ЕУ, за да ја започнеме преговарачката рамка со Република Северна Македонија и со Албанија, и да ја одржиме првата меѓувладина конференција и со двете земји, рече тој, додавајќи оти за нив било од голема важност да одржат политички консултации и во Скопје со македонските власти. Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, за време на средбата со Вархеји и Силва во Софија, изјави дека проширувањето на ЕУ треба да е засновано на реални резултати од добрососедските односи. Радев истакна дека за Бугарија европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неспорен приоритет, додавајќи дека за постигнување на ефикасни резултати за земјите-кандидати за членство во ЕУ, најважен е директен и отворен дијалог. -Затоа ние сакаме да видиме не само декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и нашите национални интереси. Бугарија е одговорна членка на ЕУ и ќе продолжи да ги помага кандидатите за членство во Унијата да ги исполнат критериумите од Копенхаген и да ги утврдат принципите на добрососедство и почитувањето на човековите права, кои се во средиштето на европската соработка, рече Радев за време на разговорите со Силва и Вархеји. Шефот на бугарската дипломатија Стоев, пак, по средбите со претставниците на ЕУ рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев изјави дека очекува „соседите во регионот" да работат во дух на искреност и конструктивност, нагласувајќи дека постои целосен континуитет во бугарската политика во однос на Македонија и дека за Бугарија останува клучно да се одржат добрососедските односи и да се спроведува Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. – Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство, изјави Стоев. Тој изрази подготвеност да се сретне со неговиот македонски колега Бујар Османи, со цел, како што рече, да разговара за иницијативите што може да ги преземе сегашната бугарска техничка Влада. – За нас одржувањето на добрососедските односи и добивањето на потребните гаранции за спроведување на Договорот од 2017 година е од клучно значење. Ние продолжуваме да правиме напори за враќање на довербата во нашите односи со Република Северна Македонија. Наша цел е да преземеме конкретни чекори за враќање на дијалогот со Скопје, вклучително и на највисоко ниво, што ќе обезбеди основа идната редовна Влада да ги врати нашите односи на нивото што треба да поврзе едни две блиски земји, рече Стоев. Тој изјави дека се надева оти Бугарија и Македонија ќе работат заедно за да се најде одржливо и трајно решение за отворените прашања во меѓусебните односи. Шефот на португалската дипломатија Силва, од своја страна, нагласи дека Европската комисија било важно да се сретне со премиерот, претседателот и министерот за надворешни работи на Бугарија. Се заблагодари за, како што рече, „срдечниот пречек во Софија" и за посветеноста на Бугарија кон процесот на проширување на ЕУ, тема која што исто така е важна португалското претседателство со Советот на Европската Унија. Тој потенцира дека во моментов има два процеси на проширување – започнување на следните меѓувладини конференции за Црна Гора, како и за Албанија и Македонија. – Сега беше време да имаме директни консултации во Софија со Бугарија. Тие ќе бидат од големо значење за тековниот процес, додаде Силва. Еврокомесарот Вархеји изјави дека претстои многу работа и дека било важно да го слушнат мислењето на Бугарија, бидејќи земјата е предводник во промовирањето на политика на проширување ЕУ со земјите од Западен Балкан. – Ние сме тука со цел заедно со Бугарија да одлучиме кои ќе бидат следните чекори. Се наоѓаме на важен крстопат за да видиме како можеме заедно да одиме напред, додаде Вархеји. И претседателот на привремената Влада на Бугарија Стефан Јанев на средбата со Вархеји и Силва ја повторил бугарската позиција за приклучувањето на Северна Македонија кон Европската Унија. Главна тема, според соопштението од прес-службата на бугарската Влада, била европската перспектива на државите от Западен Балкан во рамките на процесот по проширување на Европската унија. Во фокусот на разговорите биле предизвиците што стојат пред приклучувањето на Македонија и можностите за подобрување на дијалотот со Република Бугарија. Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел, во својот редовен блог се осврна на Западниот Балкан и порача дека Европската Унија треба да испорача конкретни мерки за регионот. Шефот на дипломатијата на ЕУ предупреди дека во регионот на Западниот Балкан се зголемува националистичката реторика и дека расте фрустрацијата поради недостигот на напредок во европската интеграција. Тој нагласи дека историјата на регионот покажува дека тој останува кревок и информираше дека Европската Унија изразила страв од „губење" на Западниот Балкан со оглед на бавниот процес и негативните последици од пандемијата. Во тој контекст, Борел ја потсетува европската јавност дека Македонија заедно со Албанија очекува одржување на првата Меѓувладина конференција во јуни, додека Косово чека визна либерализација, за која сите критериуми се исполнети и се заложи за продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина во јуни. Шефот на дипломатијата Османи денеска во Скопје ќе им биде домаќин на неговите колеги од Австрија, Словенија и Чешка. Шефот на австриската дипломатија Шаленберг вчера изјави дека викендов ќе ги посети Скопје и Тирана, во обид да ги продолжи напорите на австриската Влада да го забрза процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Тој рече дека посетата е јасен сигнал дека Северна Македонија и Албанија, како и сите други земји во регионот, можат да сметаат на поддршката на Австрија. Шаленберг истакна дека 2020 година е изгубена година за целиот регион и дека неуспехот да се отворат преговорите за пристап со Македонија и Албанија е големо разочарување. -Оваа година, 2021 година, не смее да се изгуби повторно. Нанесената штета станува се поголема, изјави Шаленберг. Според него, на Западен Балкан се води борба за модел на живот и предупреди дека ако ЕУ конечно не го исполни ветувањето, тогаш вакуумот ќе го пополнат други држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДвегодишно девојче влегува во базен, па по неколку секунди настанува драма- кошмар за сите родители (ВИДЕО)Семејно куче стана херој откако помогна да се спаси двегодишно девојче кое се давеше во базен.Драматични снимки беа снимени на камерите за надзор, на кои се гледа како златниот ретривер брза да му помогне на детето и ѝ помага да остане над водата додека не пристигне нејзината мајка, објавува Дејли Меил. Драматична борба во водата Девојче по име Мајте се симнувало по скалите во базенот, но во еден момент го изгубила стапалото и почнала да се бори под вода. За среќа, Тереза била во близина, која очигледно почувствувала дека детето е во опасност и веднаш скокнала во базенот. Мајте успеала да го зграби кучето и да се потпре на него, благодарение на што останала над водата. Нејзината мајка и постарата сестра набрзо дотрчале. Мајката го кренала девојчето и го извлекла на безбедно, а инцидентот се случил во Чапада дос Гимараеш, во бразилската држава Мато Гросо. Мајката на девојчето, Гледис Филбидо, објаснила дека семејството во тоа време било на одмор во куќата на нејзините роднини по брак, каде што живее златниот ретривер. Таа рече дека накратко се оддалечила за да земе парче торта додека нејзината постара ќерка Никол отишла да се искапе. Во текот на тие неколку секунди, Мајте неочекувано решила да влезе во базенот. Гледис објаснила дека нејзината ќерка има пристап до базени, но никогаш не влегува сама во вода. „Таа само влезе во базенот“ Кога подоцна ја прашала девојката што ќе прави, Мајте објаснила дека само сакала да скокне во водата. „Таа само што влезе во базенот. Според неа, сакала да се нурне. Тоа е невиноста на едно дете“, рекла Гледис. Мајката го споделила снимката од надзорната камера на социјалните мрежи за да ги предупреди другите родители колку брзо може да се случи несреќа со потенцијално трагични последици. „Трагедија може да се случи за две секунди“, рекла таа. Благодарната мајка ја нарекла Тереза „херој“ и рекла дека ѝ помогнала на Мајте да остане на површина доволно долго за нејзиното семејство да може да ја достигне. A Golden Retriever named Tereza helped save a young girl from drowning in Brazil after she fell into a backyard pool. The dog jumped in, allowing the child to hold onto her fur until an adult arrived. Watch the remarkable rescue. https://t.co/nmVRW2i6YR — Kurdistan 24 English (@K24English) November 22, 2026 Девојчето избегало неповредено, а Гледис подоцна објавила дополнителни снимки од Мајте како среќно си игра со четириножниот спасител.Тагови: базен девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка на четири деца е убиена во својот автомобил- деверот ја убил поради одмазда Една недела откако мајката на четири деца од Тексас беше застрелана и убиена во автомобилот на нејзиниот роденден, само неколку часа откако поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, полицијата соопшти дека го уапсила нејзиниот девер.Една недела откако мајката на четири деца од Тексас беше застрелана и убиена во автомобилот на нејзиниот роденден, само неколку часа откако поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, полицијата соопшти дека го уапсила нејзиниот девер во врска со нејзината смрт! Во неделата, на 22 ноември, 29-годишниот Хуан Гонзалес-Ордуна беше приведен и обвинет за убиство на Стефани Гонзалес (35), потврди полицискиот оддел на Далас, објави Пипл. Синот на Хуан, Хозе Антонио Самудио Гонзалес, осомничен дека ја застрелал жртвата, останува во бегство. Во неделата, 15 ноември, околу 21:14 часот, полицијата во Далас одговорила на пријава за пукање на источната страна на Ц.Ф. Автопат Хоун, во близина на блокот 5500. Според изјавата на налогот за апсење, Гонзалес се враќала дома кога друго возило удрило во нејзиниот автомобил на автопатот. Тој ден и беше роденден. Откако се повлече на страната на патот за да пријави сообраќајна несреќа, таа можеше да се слушне како вреска за време на повикот на 911 додека одекнаа истрели, се наведува во документот. Mom of 4 Was Driving Home on Her Birthday When She Was Fatally Shot. Now Brother-in-Law Is Charged https://t.co/4gv6VpDqcY — People (@people) November 23, 2026 Болничарите итно ја префрлиле во локалната болница, каде подоцна била констатирана смрт. Според соопштението, на снимката од сообраќајната камера во близина се гледа како црн форд мустанг бега од местото. Инспекторите подоцна го пронашле возилото на паркингот во станбениот комплекс Ален, каде што сведок им кажал дека неговиот вујко Хуан Гонзалес-Ордуна и братучед Хозе Гонзалес побарале да го позајмат автомобилот, соопштија властите. Кога го вратиле автомобилот, наводно му рекле дека го оштетиле така што ненамерно удриле во бандера, стои во изјавата. Кога инспекторите разговарале со пријателите на Гонзалес, тие тврделе дека таа започнала врска со колега и планирала да се разведе од нејзиниот сопруг Луис Гонзалес, објави CBS News, цитирајќи ја изјавата. На денот на убиството таа наводно му кажала на сопругот дека сака развод и двајцата се скарале. Инспекторите рекоа, според изјавата, тие веруваат дека Хуан Гонзалес-Ордуна и Хозе Гонзалес го позајмиле автомобилот на сведокот, ги отстраниле регистарските таблички и удриле во автомобилот на Стефани Гонзалес за да ја натераат да застане. Откако таа застана, снимките од надзорните камери покажаа дека тие се креваат пред неа и ја блокираат, се вели во изјавата. Хуан Гонзалес-Ордуна го возел Мустангот, соопштија властите. Луис во моментов не е осомничен. Гонзалес е мајка на четири деца, меѓу кои и дете помало од една година. „Збунета сум, повредена и загрижена сум за неа... нејзините бебиња дома“, изјавила пријателката на Гонзалес, Емили, пренесуваат медиумите. „Знам колку ги сакаше“.Тагови: автомобил мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветАмериканската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција Американската војска утре ќе спроведе планирана детонација на застарени залихи од токсични експлозиви на база на олово во рурална Ајова, изјави вршителот на должноста секретар на армијата Адам Теле.Американската војска утре ќе спроведе планирана детонација на застарени залихи од токсични експлозиви на база на олово во рурална Ајова, изјави вршителот на должноста секретар на армијата Адам Теле, откако федералниот апелационен суд ја укина забраната за операцијата. Теле изјави на платформата X дека одлуката за продолжување на операцијата е донесена со „консензус“ на сите вклучени федерални агенции, со одобрение од судовите и државните службеници, објави Ројтерс. Тој додаде дека отстранувањето на материјалот ќе се спроведе во координација со државните, локалните и федералните власти. Планот предвидува две контролирани детонации на 68 буриња, или речиси 4.500 килограми (10.000 фунти) застарен оловен азид, хемикалија што се користи во муниција. Операцијата ќе се спроведе во објект за муниција на армијата во Мидлтаун. Еколошките групи се обидоа да ја спречат операцијата со тужба, предупредувајќи дека експлозиите би можеле да ослободат облак од токсична оловна прашина што би ги загрозил жителите, посевите и добитокот во областа. Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) процени дека контролираната детонација е помалку ризична од можна спонтана експлозија на нестабилен материјал, чиј ризик се зголемува со ладење. Според неа, хемиската неутрализација или поместувањето на бурињата би носело и ризик од неконтролирана експлозија. Апелациониот суд на САД за осмиот округ минатиот четврток привремено ја блокираше дозволата на EPA, но вчера ја укина забраната, отстранувајќи ја последната законска пречка за операцијата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ѝ нареди на војската да ја одложи детонацијата додека судот не пресуди во нејзина корист. Актуелната гувернерка на Ајова, Ким Рејнолдс, го активираше центарот за итни случаи за координирање на државните и федералните агенции, додека новоизбраниот гувернер Роб Санд рече дека одлуката треба да ја донесе администрацијата врз основа на проценките на експертите ангажирани на терен.Тагови: Доналд Трамп експлозив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook