Предизборен молк во Бугарија пред утрешните избори - Канал 5

Предизборен молк во Бугарија пред утрешните избори

Во Бугарија денеска е предизборен молк во пресрет на новите предвремени парламентарни избори што ќе се одржат утре. 

Предизборен молк во Бугарија пред утрешните избори

Околу 6,5 милиони Бугари со право на глас утре ќе може да го остварат своето граѓанско право на 8мите по ред предвремни пармалантарни избори во последниве 5 години.

И најновата анкета, овој пат направена од „Алфа Рисрч“ покажува речиси идентични резулатите како и претходните – на врвот на листата е Прогресивна Бугарија на на пораншениот претседател Румен Радев која е на пат да освои 34,2% од гласовите, потоа следува ГЕРБ-СДС со 19,5%. Колаицијата продолжува промената и демократска Бугарија со 11,6%. 9,4% поддршка има за Движење за права и слободи...

Но и покрај убедливото водство на анкетите, останува неизвесно дали Радев ќе успее да освои апсолутно мнозинство во Народното Собрание за самиот да може да ја формира идната бугарска влада..

Во услови кога на политичката сцена не се наѕира јасно мноизнство партиите акцентот во кампањата го ставија на своите досегашни постигнувања и секој со свои ветувања за освојување на подобар изборен резулатат.

„Наша цел на следните избори е полно мнозинство. Коалиција со ПП ДБ, тие кои го уништија уставот и се обидуваат да ги фалсификуваат изборите, е непожелна.... Готови сме. Можеме. И ќе успееме да живее Бугарија“.....

„Ние треба да дадеме добар резулатат. Го заслужуваме. Јас сум оптимист ние да си го дадеме нашиот резулатат, а потоа ќе мислиме. Но се она што сум го ветил - ќе си стоиме на зборот.“

Како змејата навлегуваше во финишот на изборната капања се погласни беа обвинувања за изборни манипулации, фалсификувани евра и поткуп на гласови. Тамошните експерти велат шемите кои ги гледале биле вообичаени пари за глас, а како што објавија буграските медиуми на три дена пред изборите запленети биле над еден милион евра кои завршиле со голем број апсења...

„Контролирано гласање сме имале и многу сум тажна, но верувам дека ќе го имаме сè до моментот кога ќе имаме услови за тоа. Резултатот од оние кои гласаме речиси и да не се менува од овие луѓе. Но да се менува нашиот став кон изборите, нашата доверба, а со тоа и излезноста на гласачите, што е многу важно за да се сведе учеството на вакви практики на минимум.“

Токму ваквите активности, но и како што пишуваат тамошните медиуми недовребата во институциите и заморот на Бугарите од избори, се очекува изленоста да биде релативно ниска и да се движи околу 30 до 40 %.

Овие изброи се последица на падот на последната политичка влада во Бугарија по бранот антивладини протести поради законот за буџет ....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. 

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер