Пред утрешното полуфинале, Ѓоковиќ ручаше со Алкараз во луксузен ресторан во Париз (ВИДЕО) - Канал 5

Пред утрешното полуфинале, Ѓоковиќ ручаше со Алкараз во луксузен ресторан во Париз (ВИДЕО)

Утре во 14 часот и 45 минути Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се сретнат во полуфиналето на Ролан Гарос, а сите љубители на тенисот ширум светот едвај го чекаат тој меч.

Пред утрешното полуфинале, Ѓоковиќ ручаше со Алкараз во луксузен ресторан во Париз (ВИДЕО)

Многумина велат дека утрешниот меч е „финале пред финалето“, а увертирата на овој меч никогаш не била поубава, бидејќи Новак Ѓоковиќ по којзнае кој пат покажа дека е вистински џентлмен.

Имено, двајцата заедно вечерале во познатиот ресторан „Сиена“ во главниот град на Франција, каде често доаѓаат најголемите светски ѕвезди.

Прелистувајќи го профилот на овој ресторан, можеме да видиме дека во минатото гости биле Килијан Мбапе, Нејмар и Серена Вилијамс, како и поп ѕвезди како Селена Гомез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Францускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс.

Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот.

ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“.

Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого?

Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите.

Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност.

Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех.

Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација.

Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час

На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија.

При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер