Пред половина век беше најбрза лимузина, а сега се продава на аукција(ФОТО) - Канал 5

Пред половина век беше најбрза лимузина, а сега се продава на аукција(ФОТО)

Кон средината на минатиот век, некои од најмоќните автомобили во Америка беа создадени и веднаш станаа легендарни. Европа проба нешто слично.

Пред половина век беше најбрза лимузина, а сега се продава на аукција(ФОТО)

Додека Ferrari и остатокот од компанијата сами развиваа V12 мотори, помалите компании користеа многу поедноставни техники. Доволно беше директорот телефонски да стапи во контакт со некој од американските гиганти и моторот наскоро ќе пристигнеше на нивната адреса.

Питер Монтеверди ги избрал како Бристол и Џенсен, што значи дека редовно се обраќал на Крајслер. Швајцарскиот дилер на автомобили започнал со мало производство на автомобили во текот на 1960-тите. Тие биле навистина посебни автомобили. Дизајнот ќе им биде оставен на италијанските мајстори како Фруа и Фисоре, додека моторот на Крајслер со големи блокови, ќе пристигне од Америка.

Две Монтеверди се понудени на аукцијата на Бонамс, а станува збор за одлично сочувани примероци. Првиот е 375/4, голем седан именуван по моќноста на моторот и бројот на врати. Придвижуван од 7,2-литарски мотор, тој беше и останува посебен автомобил без вистинска конкуренција на европско тло.

Тој стигнувал до 100 km/h за 6,9 секунди и возел до 250 km/h. Во 1970 година, тоа била најбрзата лимузина на светот. Во зависност од изворот, произведени се меѓу 28 и 35 примероци, а овој може да достигне цена од 140.000 CHF.

Другата опција е Monteverdi 375 S, неколку години постар, купе на чија листа се наоѓа и Џеј Лено. Може да достигне цена од 110.000 CHF. Во секој случај, тежок избор за некој кој го сака и може да си го дозволи овој дел од историјата на автомобилизмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. 

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети.

Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Патнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување.

Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури.

Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“.

Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу.

Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка.

Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат.

Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер