Пред поликлиниката во скопска Железара со нож убиен доктор

Со нож пред поликлиниката во скопска населба Железара е убиен матичен доктор.

Со повеќе убоди од нож синоќа е убиено едно лице пред поликлиниката во населбата Железара во Скопје.

Неофицијално убиеното лице е матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.Според полициски извор станува збор за разбојништво кое заврѓило со смрттни последици.

Како што информираат од МВР за МИА, според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

- На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.

- Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

Украинката Јастремска не се поздрави со Белорусинката Сабаленка по поразот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи украинската тенисерка Дајана Јастремска со 2:0 и се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Рим.

Сепак, покрај тенисот, она што привлече големо внимание е сцената во самиот финиш на мечот.

Имено, по мечот, наместо вообичаениот поздрав, двете тенисерки само се гледаа, дојдоа до своите клупи, ја спакуваа опремата и без никаков контакт го напуштија теренот до најблиските излези. Покрај тоа, од трибините се слушаа свирежи кои јасно го покажаа односот на публиката.

Британец освоил 10,2 милиони фунти, па ги поделил со соседите- сите се чудат

Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија што го подели со своите соседи во населбата каде што живее.

Дејвид од градот Бриџ Ерне, во округот Першир на југозападниот дел на Шкотска, татко на две деца, на 27 април на Поштенската лотарија успеал да освои 10,2 милиони фунти и, како што објави таблоидот Сан, добивката ја поделил со 10 соседи во неговото маало.

Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е најголемата награда досега освоена во наградна игра во Шкотска.

Другите двајца најдобри победници во ждрепката на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи освоија по 340.000 фунти.

- Не знам како се чувствувам. Јас сум малку шокиран. Мислев дека 15.000 или дури 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум апсолутно зачуден – рекол Дејвид додека неговите соседи гласно го прославувале џекпотот.

притисни ентер