Пред да го емитува телевизијата,Трамп го објави интервјуто,кое што ненадејно го напушти(ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска сам го објави телевизиското интервју пред да биде прикажано на телевизијата и тој необичен потег го оправда со тоа што сакал да покаже дека новинарката била пристрасна.

Трамп објави на социјалните мрежи скоро 40-минутен разговор со Лесли Стал, добро позната водителка на емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, со коментар: „Погледнете ја оваа пристрасност, омраза и грубост од 60 минути и Си-Би-Ес“.

Претседателот, кој бил нерасположен и нервозен за време на интервјуто, постојано се жалел дека добива „тешки прашања“, додека демократскиот ривал Џо Бајден има „лесни“.

„Само барам да бидете искрени“, и рече Трамп на Стал. „Би сакал да го интервјуиравте Џо Бајден како што ме интервјуиравте мене.

Телевизијата била „дискредитирана“ прашувајќи го Бајден кој е неговиот омилен вкус на сладолед, продолжи Трамп.

Тој исто така го обвини Си-Би-Ес дека го штити Бајден затоа што еден репортер му рекол: „Не можеме да прашуваме работи што не можеме да ги провериме“.

„Она што е премногу е премногу“, рече Трамп на крајот од интервјуто и одеднаш го напушта студиото.

Републиканскиот претседател често ги обвинуваше медиумите дека не му се допаѓаат, но објавувањето интервју пред телевизијата да го стори тоа, е нешто што не е видено досега.

Уште во вторникот, Трамп се заканил дека ќе објави снимка од интервјуто во Белата куќа „за секој да може да види какво е лажно и пристрасно интервјуто“.

Интервјуто со Трамп требало да биде објавено во посебна програма заедно со Бајден.

,,60 минути” е една од најгледаните емисии на американската телевизија, особено популарна меѓу постарите гледачи.

Кога видеото било објавено, Трамп го нападнал и модераторот на последната дебата на претседателските кандидати, на која вечерва повторно ќе се соочи со Бајден.

„Денешната водителка Кристен Велкер е многу полоша!“, напиша тој заедно со објавата.

Тој претходно ја обвини новинарката на Ен-Би-Си дека го фаворизира Бајден.

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. /МИА

Најмалку 93 лица загинаа во поплавите во Кенија

Кенија го одложи отворањето на училиштата за една недела поради последиците од големите поплави предизвикани од обилните дождови кои ја погодија оваа источноафриканска земја од средината на март и досега однесоа речиси 100 животи.

Се проценува дека 93 лица загинаа во поплавите, а се очекува бројот да се зголеми откако синоќа се преврте брод во северниот округ Гариса.

Кенискиот Црвен крст соопшти дека 23 лица биле спасени од чамецот, но десетици се уште се водат како исчезнати.

Во соопштението на Министерството за образование се наведува дека во поплавите тешко се оштетени некои училишта. Локалните медиуми објавија дека повеќе од 100 училишта се поплавени, а на многу од нив им се урнати ѕидови и покриви.

Сите училишта кои денеска требаше да бидат отворени, го одложија тоа за 6 мај.

Обилни дождови ја погодија Кенија од средината на март, а Одделот за метеорологија на земјата предупредува на опасност од нови врнежи.

Најголем број жртви се евидентирани во главниот град на Кенија, Најроби, каде во вчера беше поплавен и аеродромот. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека се поплавени пистата, терминалот и товарниот дел на аеродромот.

Повеќе од 200.000 луѓе низ земјата се погодени од поплавите, а куќите беа потопени во областите подложни на поплави додека луѓето бараа засолниште во училиштата.

Кенискиот претседател Вилијам Руто побара од Националната служба за млади да обезбеди земјиште за привремени кампови за погодените од поплавите.

Во источноафриканскиот регион се соочуваат со поплави поради обилните дождови, а во Танзанија се пријавени 155 загинати, додека повеќе од 200.000 се погодени во соседен Бурунди. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

притисни ентер